10 подароци за годишнина на блиските, кои нема да „фаќаат прашина“
Доколку некои од вашите блиски пријатели или роднини, слави годишнина од брак, сигурно се мислите каков подарок да земете.
Секако, свадбата поминала и нема потреба повторно да купувате големи подароци, но добро е да се направи чест и да се одбележи моментот.
Затоа ви нудиме 10 идеи за скромни, но значајни подароци кои нема да фаќаат прашина:
1. Персонализирана книга за спомени
Направете им посебна книга во која младите ќе ги чуваат своите слики, карти од патувања, карти од концерти, театар или кино и сите други мали ситници кои ќе им будат спомени.
2. Специјализиран готвач со идеи за секој следен состанок
Подгответе им или купете специјализиран готвач со идеи за вкусни оброци за секој состанок, годишнина, роденден и секоја прослава.
3. Специјални вина за секоја годишнина
Направете специјални етикети со ознака за секоја следна годишнина од нивниот брак.
4. Мрежа за лежење
Доколку брачниот пар обожува излети на отворено, или пак има голема градина/тераса, тогаш оваа лежалка е совршен избор.
5. Направа за чоколадна фонтана
Нема ништо поедноставно и поромантично од јагоди потопени во чоколаден прелив. Ова е подарок кој дефинитивно ќе им се најде за сите идни романтични вечери.
6. Кошничка за на излет во форма на срце
За сите кои обожуваат пикници ова е одличен подарок кој ќе го носат секаде во природа.
7. Персонализирана слика
Порачајте персонализирана слика со местото, датумот на нивната свадба и се разбира нивните имиња - ова е интересен подарок за првата годишнина од бракот.
8. Супер меко ќебенце
Подарете им големо, меко ќебенце за сите вечери поминати стуткани пред телевизорот.
9. Прекрасен сет од мирисливи свеќи
За сите романтични вечери кои следуваат.
10. Две персонализирани шолји за кафе или чај
Нарачајте песонализирани шолји за љубителите на кафе/чај со кои ќе им се разубавува секое утро и ќе се потсетуваат на нивната љубов.
К. Д. | Црнобело