Просечна ирска свадба чини вртоглава сума пари

Стандардот на живот во Ирска е многу повисок од нашиот, но оваа сума е навистина претерана, зарем не?

edna-prosechna-irska-svadba-chini-vrtoglava-suma-pari-01.jpg

Што би сториле со 26.000 евра? Сигурно ви паѓаат многу прекрасни работи на ум, но дали би потрошиле толку пари на свадбена церемонија?

Ирците го прават токму тоа. Просечен ирски пар троши 26.015 евра за својот голем ден. Просекот е малку зголемен од минатата година кога бил 24.427 евра.

edna-prosechna-irska-svadba-chini-vrtoglava-suma-pari-02.jpg

Најмногу пари Ирците даваат на ресторанот и менито и тоа околу 12.000 евра. Хотелите се најпопуларен избор, односно околу 2/3 од парови прават свадба во хотел, 19% избираат куќа на село, а 9% замок.

На просечна венчаница во Ирска се троши 1.787 евра и 726 за фустаните на девериците. Плус, 368 евра за шминка, 313 еvrа за фризура и 1.068 евра за костимите на младоженецот и кумот.

edna-prosechna-irska-svadba-chini-vrtoglava-suma-pari-03.jpg

Музиката исто така е скапа ставка, па 2.019 евра чини бенд,  a 434 евра диџеј. На снимање и фотографирање на свадбата се трошат уште 2.880 евра.

На овие трошоци кога ќе се додадат останатите се добива сума од околу 26.000 евра.

Дали ова е претерано? Колку чини свадба во Македонија?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg