Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 совети како да останете „присутни“ на денот на вашата свадба

Во сиот хаос вашите мисли лутаат, брзате што да направите попрво и на крај сфаќате дека свадбата ви минала додека да трепнете.

5-soveti-kako-da-ostanete-prisutni-na-denot-na-vashata-svadba-01.jpg

На традиционалните свадбени прослави кои се планираат долго најчесто младоженците не се фокусирани на најважното – да бидат „присутни“ на својот свадбен ден.

Голем дел од паровите се будат со неверување дека нивната толку очекувана свадба се случила минатиот ден. Немале доволно време за ништо и минала за миг како да трепнале со очите.

5-soveti-kako-da-ostanete-prisutni-na-denot-na-vashata-svadba-04.jpg

За да не се случи тоа мора да се фокусирате на моментот:

Утринска рутина

Ништо не е полошо од започнување на денот во состојба на хаос. Сигурно и вие имате некои утрински ритуали, па, иако станува збор за денот на вашата свадба, вие не смеете да ги отфрлите.

Всушност, одлично е да си дадете дури и малку екстра време за себе на денот на свадбата. Јога, медитација или шолја кафе, започнете го денот како и секогаш.

Украдете време со партнерот

Да, вие сте ѕвезди овој ден, но тоа не значи дека не смеете да си посветите малку време еден на друг.

Украдете некој миг на само со партнерот. Бакнете се, прегрнете се и кажете си дека ова е денот кој толку долго го чекавте и уживајте во него.

5-soveti-kako-da-ostanete-prisutni-na-denot-na-vashata-svadba-03.jpg

Воспоставете контакт со очите

Зависно од бројот на гостите на вашата свадба може да биде тешко да имате значајни разговори со секој од вашите гости, но правењето на контакт со очите со нив ќе направи да се почувствувате поврзани со сите.

Иако немате време да проговорите со нив, тие нема да се чувствуваат запоставени. Има нешто магично во способноста да се комуницира со некој без да се размени збор, обидете се!

Бидете благодарни

Кога чувствувате благодарност зрачите со радост. Размислете на сите луѓе кои ве поддржаа безрезервно на ова патување, па наздравете во нивно име и пред сите кажете им колку сте им благодарни.

5-soveti-kako-da-ostanete-prisutni-na-denot-na-vashata-svadba-02.jpg

Направете пауза

На вашиот голем ден запомнете да направите пауза и да погледнете околу вас. Тоа ќе ви помогне да останете фокусирани на сегашниот момент. Кога ќе се посветите на тоа ќе ви изгледа како времето да стои, а токму во таквите мигови спомените се формираат.

Не дозволувајте свадбата да ви биде трка при која не сте забележале ништо и ви летнала за миг.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Најубавите свадби во 2024 година објавени на CRNOBELO Од интимната венчавка на водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, преку раскошната свадба в...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg