Личности кои нема потреба да ги каните на вашата свадба
Кого да се покани на свадбата е одлука која предизвикува големи маки кај младоженците.
Дали навистина е потребно да имате 300 години на вашиот специјален ден? Дали сите навистина заслужуваат да бидат дел од него?
Свесни сте и самите дека некои личности навистина нема потреба да присуствуваат, но сепак се колебате што да правите.
Слободно ставете стоп на испраќањето на покани до:
Најдобрата другарка од средно училиште со која денес ве врзуваат само лајковите
Во средно спиевте една кај друга и со часовите зборувавте за момчиња, но денес сето тоа е сведено на повремено притискање лајк на објави на Фејсбук.
Отуѓени членови на семејството
Со некои роднини без кавга или некоја посебна причина престанавте да контактирате.
Секој пат кога ќе одлучите да минете време со нив чувствувате некоја необјаснива тешкотија, па зошто тогаш да ги каните на свадба?
Пријатели на вашите пријатели
Понекогаш со овие личности се наоѓате во заедничко друштво, но тие не се личности со кои би испиле кафе на само. Немате никаква обврска да ги поканите на свадба.
Пријателот што ве искористува
Ако имате „пријател“ кој ви се јавува само кога минува низ некоја драма и потребен му е совет и помош, навистина не ви е потребен како во животот, така и на свадбата.
Колегите со кои не се гледате надвор од работа
Непишано правило е на свадбата да ги поканите само колегите со кои се гледате и на страна од работното место.
За останатите навистина нема потреба да чувствувате притисок што не ги каните.
Девојката на роднината со која тој постојано се разделува и смирува
Тие раскинаа и се смирија веќе 7 пати. Навистина не можете да предвидите во каков однос ќе бидат на вашата свадба, па зошто тогаш да си создавате главоболки?
Соседите
Ако соседите не ги каните на вечера, туку само ги поздравувате во лифт и разговарате со нив на куќен совет, нема потреба да добијат покана за свадба.
Роднини од трето, четврто, петто колено
Далечните роднини кои ги гледате на секои пет години на семејни собири навистина нема потреба да ги каните. Ниту ви се блиски, ниту ги познавате доволно.
Секој што не е среќен за вас
Стапувањето во брак треба да го славите со луѓе што ве сакаат и кои се среќни поради вас.
Личностите кои не се радуваат на вашата среќа, навистина нема потреба да бидат присутни на вашиот голем ден.
С. С. | Црнобело