Од моминска забава до венчавка: Шик свадбени идеи за девериците од Инстаграм
Најдобрите другарки на невестата секогаш имаат важна улога, но зошто мора да има клише стандарди за одредени свадбени моменти?
Свадбите стануваат сè помалку традиционални, стандардните правила, како тоа дека невестата мора да биде во бела долга венчаница, се прекршуваат. Истото, важи и за девериците.
Веќе не мора сите фустани на девериците да бидат во розова боја на едно рамо и тие да изгледаат како излезени од фотоалбумот од младоста на вашите родители.
Наместо тоа девериците сега сè почесто имаат рафиниран изглед. Различни бои, материјали и дезени се дозволени. Исто така, ниту фустанот не е задолжителен. Деверици во панталони, па зошто да не? Деверици во бело? Па, и тоа не е забрането!
Исто така, и кога се моминските забави во прашање границите се поместени. Сигурни сме дека и вам ви здодеаја клише моминските забави во локалите ширум Македонија, каде десетина жени со мафини во вид на машки полов орган, со круни на главите и „пуфкасти“ додатоци слават до раните утрински часови.
Сепак има и случаи каде што креативните идеи доаѓаат на сцена, па сè почесто имаме момински забави на море, во вид на забава во пижами и на некои најнеочекувани локации.
Еве мала Инстаграм инспирација за одличен изглед на девериците, како на моминските забави, така и на свадбените прослави:
С. С. | Црнобело