6 ситуации со кои ќе се соочите за време на подготовките за свадба

Колку и да сте опуштена личност, постојат некои ситуации кои можат да го извадат најлошо и кај најсилните. Одредени ситуации коишто ќе се случуваат деновите пред вашата свадба ќе ве натерат да се однесувате многу поразлично од вообичаено.

8 momenti koi definitvno ke gi imate koga spremate svadba 1

Има премногу работа во планирањето на свадба и координирањето на повеќе работи оддеднаш за сè да испадне како што треба.

Венчавките се профитабилен бизнис поради тоа што милиони луѓе го сметаат тој ден како најважниот ден во нивниот живот, и сето тоа си има цена. Ако никогаш не сте биле невестата на свадбата, сè уште не знаете колкав стрес и колку емоции се имаат инвестирано во тој еден ден.

Еве неколку работи кои може да се искомплицираат и за кои треба да сте спремни во деновите пред вашата свадба:

Сè што е поврзано со вашиот невестински фустан

Знаеме колку е важно да го пронајдете фустанот од вашите соништа. Секои промени во последен момент или компликации може да доведат до тоа да го изгубите разумот. Еден обичен расипан патент е доволно да западнете во емотивна криза.

8 momenti koi definitvno ke gi imate koga spremate svadba 6

Кога луѓето не потврдуваат дали ќе присуствуваат

Традицијате буквално умира пред нашите очи. Многу од луѓето мислат дека нема потреба да потврдат дали ќе дојдат и дали треба да им чувате место. 

Кога буквално сите ве прашуваат дали се поканети

Луѓето се возбудени за вашиот голем ден, и би требало да бидат. Но, тоа исто така значи дека многу луѓе кои и не ви се толку блиски ќе очекуваат да бидат поканети и ќе ве стават во многу непријатна ситуација.

8 momenti koi definitvno ke gi imate koga spremate svadba 5

Кој каде ќе седи

Веројатно најтешкиот дел од организирањето на свадба. Сите имаат некои лични замерки за личноста до која треба да седат. Или има некоја фамилијарна кавга или раскинување - секогаш ќе има луѓе кои ќе прават проблем за тоа на која маса треба да седат.

Кога треба да одговарате на сите прашања околу вашата свадба, а ќе ги има многу

Вие сè уште самите не сте си одговориле на секој мал детал поврзан околу вашата свадба и дефинитивно не помага кога луѓето околу вас цело време повторуваат некои прашања.

Кога ги браните вашите верувања дека не сакате да ги имате сите традиционални обичаи на вашата свадба

 

8 momenti koi definitvno ke gi imate koga spremate svadba 3

Кога работите нема да излезат точно како што сте ги замислувале

Ништо не е идеално, но секоја жена сака нејзината свадба да биде блиску до совршенство. Кога и најмалите работи нема да излезат како што се планирале, иако не е фер, морате да се справите со тоа.

Запомнете дека најважно е да се венчате за личноста која ја сакате. Ако го направите тоа, мисијата е завршена.

8 momenti koi definitvno ke gi imate koga spremate svadba 2

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg