Невести откриваат: Што беше најголемата грешка на мојата свадба?

Една „венчавка од соништата“ може да ве чини многу. Многу време, многу пари и на крајот – многу нерви.

nevesti-otkrivaat-shto-beshe-najgolemata-greshka-na-mojata-svadba-1.jpg

Кога се свадбените церемонии во прашање, сите младенци се трудат сè да излезе како што треба, како и сè да изгледа на најдобар можен начин.

Сепак, при подготовките, или, пак, за време на самата прослава, често им се „поткраднува“ и по некоја грешка.

nevesti-otkrivaat-shto-beshe-najgolemata-greshka-na-mojata-svadba-2.jpg

Запрашани да откријат како тие го проживеале својот „голем ден“, какви им се впечатоците, но и што би промениле доколку можат да го вратат времето назад, неколку припаднички на понежниот пол ги споделија своите импресии, но и совети за сите идни невести.

За што не треба да се нервирате кога ќе дојде моментот за изговарање на судбоносното „да“?

nevesti-otkrivaat-shto-beshe-najgolemata-greshka-na-mojata-svadba-3.jpg

Во продолжение, прочитајте ги нивните одговори и дознајте на што навистина треба да обрнете внимание, за да венчавката ви биде пријатна и ви остане во потполно убаво сеќавање:

„Имав специфични желби за тоа што сакам, па би сакала повеќе да комуницирав со сите, наместо што се плашев дека ќе испаднам премногу пребирлива. Сепак, тоа беше моја венчавка.”

nevesti-otkrivaat-shto-beshe-najgolemata-greshka-na-mojata-svadba-4.jpg

„Премногу се грижев околу членовите на семејството, кои поприлично правеа драми. Требаше да ги игнорирам и да се фокусирам на радоста на денот.“

„Да можам да се вратам, не би потрошила седум месеци, планирајќи венчавка со која ќе им удоволам на сите, освен на самата себе. Тоа ми е голема грешка.“

nevesti-otkrivaat-shto-beshe-najgolemata-greshka-na-mojata-svadba-5.jpg

„Не ги добивме сите фотографии какви ги сакавме. Подобро ќе беше желбите да ги напишеме на хартија и да му ги дадеме на фотографот навреме, како би знаел што да слика и на кој начин.“

„Само се фотографиравме, без гледање во просторот. Иако сликите се одлични, зад нас се гледа маса со прибор и чаши. Да можам, би ги променила тоа. “

nevesti-otkrivaat-shto-beshe-najgolemata-greshka-na-mojata-svadba-6.jpg

Моја најголема грешка е што го замолив пријателот да ја снима свадбата, како би заштедиле пари, а тој само ја фотографираше. Сега немам снимка од говорот, првиот танц, ниту генерално од забавата. Затоа, ја научив лекцијата: добро објаснете некому што сакате или потрошете малку повеќе пари на толку важните нешта.“

„Премногу се нервирав околу деталите. Реално, кој ќе се сеќава на рачно изработените конфети?“

nevesti-otkrivaat-shto-beshe-najgolemata-greshka-na-mojata-svadba-7.jpg

„Толку се грижев за другите гости, што на свадбата речиси воопшто не бев со својот сопруг.“

„Не јадев доволно. Имавме неверојатно добра храна, а јас одвај и да каснав нешто. Додуша, тортата беше одлична.“

nevesti-otkrivaat-shto-beshe-najgolemata-greshka-na-mojata-svadba-8.jpg

„Мислам дека свадбата ни беше преголема. Имаше над 250 луѓе, па не стигнав со сите да поразговарам, ниту да поседам. Затоа, голема предност сега им давам на малите свадби.“

„Би сакала да имав кармин со себе, за да си ја поправам шминката. Вака, до крајот на денот во целост ми исчезна карминот од усните.“

nevesti-otkrivaat-shto-beshe-najgolemata-greshka-na-mojata-svadba-9.jpg

„Би сакала да носев поудобен фустан, бидејќи немаше да морам да се преслечам во друг за да можам да играм.“

„Немојте многу да пиете, а особено не жестоки пијалаци!“

nevesti-otkrivaat-shto-beshe-najgolemata-greshka-na-mojata-svadba-10.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...
5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024&...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg