Тренд на кој ќе се радува секоја невеста: Цветни фустани за најдобрите пријателки
Денес, традиционалните свадби се трансформирани во серија од уникатни трендови.
Со откажувањето од класичните практики, многу невести се одлучуваат да стават личен белег на своите бидермаери или невестински фустани, наместо да се држат до старите традиционални „правила“.
Еден од најновите трендови, кога станува збор за венчавките, се цветните фустани со кои најдобрите другарки на невестата се издвојуваат од останатите гости.
Особено за свадбите кои се закажани во пролетен и летен период, овој нов тренд претставува одлична можност да се стави посебен белег на свадбената церемонија.
Доколку и вие сакате да бидете уникатни и да го привлечете вниманието на свадбата на вашата најдобра пријателка, погледнете ги следните идеи и секако, подгответе се за долга фотосесија со невестата:
М. С. | Црнобело