10-те најпопуларни вили за организирање свадба на Airbnb
„Airbnb“ е сајтот кој за кратко време стана омилен меѓу патувачите како одлична замена за хотелско сместување благодарениe на кое можете да уживате на огромен број места низ светот.
Но, освен за патување сместувачките капацитети кои ги нуди овој сајт може да бидат и одлично место за организирање на вашата свадбена прослава.
Замислете како би изгледало да излезете од прекрасниот замок во кој некогаш живеело познатото семејство Борџија и да го кажете судбоносното ДА во градините сместени веднаш покрај езерото Тразимено, некаде помеѓу Тоскана и Умбрија.
Согласно желбите и идеите на младите ова се 10-те најмногу изнајмувани вили токму за ваквиот важен ден:
1. DAIRSIE CASTLE, Фифе, Шкотска
Кога сегашниот сопственик го купил замокот претставувал само безначајна рушевина. Сега кога е целосно реновиран, тој може да ви ја пружи свадбата која отсекогаш сте ја сонувале.
2. VILLA DELENIA, Еубоеа, Грција
Сместена на вториот по големина грчки остров, оваа вила е совршен избор доколку сонувате за свадбена прослава на огромна тераса со поглед на Егејското море.
3. HISTORIC STONE VILLA, Крит, Грција
Прекрасно уредениот простор и камената вила се нешто кое ќе ве маѓепса на прв поглед.
4. PALAZZO VANNESCHI, Бучине, Италија
Сместена во срцето на Тоскана, само еден час возење од Фиренца, оваа камена вила е одлично место за прослава на отворено.
5. MADELINE ISLAND CABIN, Ла Поинте, Висконсин
Ако сакате нешто порустично ова е совршениот избор за вас. Лоцирана на површина од 300 м2 оваа луксузна вила ќе воведе во светот на магијата и љубовта.
6. BORGIA CASTLE, Пасињано сул Тразимено, Италија
Ако сакате да се чувствувате аристократски, организирајте ја вашата свадбена прослава во најубавите градини на дворецот кој некогаш бил дом на семејството Борџија.
7. BUTLEY PRIORY, Суфолк, Англија
Ако сте вљубеник во романите на сестрите Бронте, овој некогашен манастир од XIV век ќе нарави да се почувствувате како да сте дел од љубовен роман.
8. SEMINYAK VILLA, Бали, Индонезија
Доколку преточитате нешто помодерно и поегозтично ова е вистинскиот избор за вас. Оддалечена на неколку минути од плажата оваа модерна вила навистина се истакнува со својата софистицираност.
9. VILLA BOSSONA, Монтепулчано, Италија
Прекрасната вила изградена во XVIII век се пренесувала од колена на колено веќе 200 години. Денес е целосно обновена и е одлично место доколку сонувате за романтична венчавка.
10. LA SELVA GIARDINO DEL BELVEDERE, Монтеварки, Италија
Камениот амфитеатар кој е составен дел од вилата која некогаш била фарма ќе ви понуди навистина посебна и поинаква свадбена прослава од сè што сте виделе досега.
М. С. | Црнобело