Креативен пар решил секоја маса да ја направи по различен Дизни цртан
Откако се вериле близу замокот на заспаната убавица во Дизни, Тај Џунмен и Ешли Идема, знаеле дека магичниот свет на Дизни сакаат да го вклучат и на самата свадба.
За таа цел решиле сите маси каде ќе седат гостите да бидат инспирирани од различни теми од Дизни.
Главната маса, каде седел и парот била секако, инспирирана од Заспаната убавица, а на другите може да се забележат детали од Пепелашка, Златокоса и Малечката сирена.
„Гостите беа презадоволни и барем дел од свадбата го поминаа шетајќи се околу масите за да видат како секоја е посебно и уникатно декорирана.“ - вели фотографот на двојката, Дон Браун.
„Ова дефинитивно беше одлична идеја како да се натераат гостите да се размешаат едни со други“ - додава.
Што мислите вие?
Убавицата и ѕверот
Заспаната убавица
Снежана
Пепелашка
Малата сирена
„Frozen“
Н. Г. | Црнобело