Предлог за млади, модерни невести - Кратки венчаници
Додека за некои невести венчаницата од соништата вклучува масивен балски фустан со корпа кој доловува изглед на вистинска принцеза од бајките, голем дел преферираат да се појават во малку поинакво издание на еден од најгламурозните денови во животот.
Сосема краток или фустан со ¾ должина, без разлика на изборот, признаваме дека овие венчаници изгледаат феноменално, а особено се пожелни за свадби во летниот период или за церемонии кои не вклучуваат многу формалности.
Доколку се подготвувате за летна свадба, земете си доза инспирација од прекрасните невести, па можеби изборот ќе „падне“ токму на некој ваков пократок фустан.
И не заборавајте, ниту еден фустан не е комплетен без насмевка.
(О)Милена | Црнобело