Невообичаени и уникатни идеи за транспорт – Како да стигнете на вашата венчавка?
Заборавете на гламурозните лимузини, тие се сигурен, но веќе виден и здодевен начин за транспорт на среќните младоженци.
Одберете нешто свежо, интересно и уникатно за најсреќниот ден. Ретро буба, веспа во италијански дух, романтична кочија, велосипед за авантуристите, а за оние најхрабрите – цел автобус кој ќе го најави вашето доаѓање во друштвото на венчани двојки.
Погрижете се за декорациите на превозните средства и осигурајте се дека ќе го отсликуваат вашиот вкус и карактер.
Без разлика дали ќе пристигнете на две, четири, или шест тркала, или пак можеби со огромен балон на топол воздух, важно е да бидете вљубени и среќни и да не ја симнете насмевката од вашето лице.
(О)Милена | Црнобело