6 работи кои треба да ги избегнувате една недела пред венчавката

Неколку дена пред венчавката имате огромен список на работи кои треба да ги направите. Но, постои и список на нешта кои не би требало да ги правите за да блескате на вашата свадба.

1-raboti-koi-treba-da-gi-izbegnuvate-edna-nedela-pred-venchavkata-01.jpg

1. Нова боја на коса

Дури и да го имате најдобриот фризер на светот не е препорачливо да се експериментира со косата неколку дена пред свадба, затоа што никогаш не можете со сигурност да знаете како ќе ви стои новата нијанса и дали ќе ви се погоди бојата.


2. Драстично да ја скратите косата

Ако ја скратите косата тоа ќе влијае на фустанот, на велот и на накитот кои толку долго сте ги одбирале. Зарем една недела пред свадба сакате да го уништите целиот повеќемесечен труд?


3. Алкохол

Има повеќе причини зошто треба да намалите со алкохолот. Еве неколку од нив:

- Ви додава калории и подобро ќе е со него да намалите и повеќе од 7 дена.

- Ќе ве прави да се чувствувате надуено.

- Ги шири крвните садови па може да ви се појави црвенило на лицето.


4. Детоксикација со сокови

Детоксикацијата со сокови може да ви направи да се чувствувате надразнето и да не ги внесувате потребните калории, сега кога не треба да ги прескокнувате дневните оброци.


5. Пилинг

Пилинг е навистина лоша идеја. По пилингот кожата почнува да се лупи исфрлајќи ги мртвите клетки. Ќе се создадат лушпи кои ќе бидат видливи на лицето, а особено кога ќе се стави шминка. Освен тоа шминката може да го надразни таквото лице и да донесе дополнителни компликации.


6. Употреба на нови производи за нега на кожата

Ваквиот чекор може да ве доведе до алергиски реакции на кожата, да ви се исуши кожата, да се појави првут, да се формираат акни и многу други појави за кои ќе е потребно многу време за да се коригираат.

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg