Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија?
Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна облека. Девојките кои живееле со партнерот пред брак биле нарекувани „блудници“, а паровите кои живееле во вонбрачна заедница тоа го криеле од околината.
Многу работи кои во некогашна Југославија биле строго осудувани, денес не предизвикуваат никакви емоции кај луѓето.
Луѓето кои живееле и растеле во тој период секогаш ќе ви речат дека тогаш најубаво се живеело, работите биле поедноставни, немалo луксуз, но имало за сите и сите биле среќни.
Народот бил обединет и сите соработувале, немало омраза, а национализмот не бил толку изразен.
Постарите често ги осудуваат постапките на денешните млади, критикувајќи ги за работи кои во тоа време не биле вообичаени.
Луѓето тогаш се придржувале до некои морални кодекси, кои денес целосно го имаат изгубено своето значење.
Девојките не живееле со момчињата пред склучување на брак
Едно од најстрашните сценарија за девојките во Југославија било живеењето со маж во вонбрачна заедница.
Соседите не биле љубезни кон девојките кои живееле со маж во вонбрача заедница, а зад грб биле нарекуване „блудници“.
Кон мажите кои имале партнерка, а не се брзале со стапување во брак, и тоа како, биле потолерантни.
Паровите кои живееле во вонбрачна заедница често морале да го кријат тоа од околината, бидејќи се плашеле од осуда.
Денес е сосема спротивно. Повеќето парови прво почнуваат заедно да живеат, а потоа одлучуваат да стапат во брак.
Неработниците биле строго осудувани
Во Југославија работеле сите: мажи, жени, па дури и адолесценти.
Момчињата кои не работеле многу тешко можеле да најдат девојка која би се омажила за нив.
Луѓето не работеле само поради желбата да заработат повеќе пари, туку затоа што работниците секогаш имале подобра репутација.
Оние кои живееле во тоа време, велат дека работата тогаш воопшто не била тешка, сите уживале да одат на работното место, а од работата всушност произлегувале сите вредности, како што се солидарноста и меѓусебното помагање.
Граѓаните на Југославија најжестоко ги осудувале безделниците кои биле подготвени да крадат или ограбуваат, наместо да стекнат материјално богатство со работа.
Младите оделе на работни акции, никој не седел со скрстени раце.
За време на работните акции се раѓале нови пријателства и љубови.
Неработниците биле етикетирани „како паразити на општеството“ и сите ги избегнувале.
Дури имало и парола со која се осудувале луѓето со таков животен стил:
„Неработници - наши непријатели. Чувајте го работничкиот леб!“
На свадба се канеле само најблиските
Иако денес е модерно да се прават раскошни прослави со списоци на гости исполнети со познати и непознати личности, тоа не било отсекогаш така.
И тогаш како и денес, свадбите се правеле со исто ниво на ентузијазам и радост.
За време на Југославија, свадбите обично се одржувале скромно или во локалната општина или дури и во домот на парот, а гости биле само најблиските.
Младенците ги канеле своите најблиски роднини, пријатели и соседи, но клучно било да не остават впечаток дека се алчни и само сакаат повеќе подароци, канејќи повеќе гости.
Свадбената облека била ограничена на она што поединците го имале дома при рака, без шиење фустани и купување одела.
Прославите честопати биле скромни, а екстравагантните гозби биле ретки.
Важно е да се напомене дека во овој период и стапката на разводи била значително помала од денес.
Но, времињата се менуваат, а и луѓето исто така.
Останува само сеќавањето на убавите моменти.
С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук