Најкратки бракови во Холивуд

najkratki-brakovi-vo-holivud-povekjeГолем број бракови завршуваат со развод, секако тоа важи и за браковите помеѓу ѕвездите во Холивуд- некои би рекле дека нивните бракови се...

 

...злогласни според тоа колку кратко траат.

Ова се некои од најкратките холивудски бракови некогаш склопени:

najkratki-brakovi-vo-holivud

1. Рудолф Валентино и Џин Акер: шест часа. Добро прочитавте, бракот помеѓу познатиот холивудски срцекршач и американската актерка со која импулсивно се оженил траел се на се шест часа. Таа набргу зажалила поради венчавката и се заклучила во соба, до дваесет минутно тропање на вратата...без одговор, тој се откажал и си отишол. Џин подоцна тврдела дека бракот ниту еднаш не бил консумиран.

2. Бритни Спирс и Џејсон Александар: два дена. Познатата музичка ѕвезда во Вегас се омажи за симпатијата од детството и набргу се разведе, подоцна тврдејќи дека целата работа била шега која отишла предалеку.

3.Кармен Електра и Денис Родман: девет дена. Претходниот брак на Денис Родман траеше 82 дена. Малку по овој брак Родман побара развод, поради измама и ментална нестабилност. Подоцна тврдеше дека за време на венчавката бил „под гас“. Кармен Електра не се изјаснила за своите причини за брак.

4. Марио Лопез и Али Лендри: две недели. Пред тоа се забавувале шест години. Како причина за развод Лендри го навела неверството на сопругот.

5. Етел Мерман и Ернест Боргнин: четири недели. Двајцата зад себе имале барем по два неуспешни брака. Изгледа овде „зашкрипело“ уште за време на медениот месец: познатиот актер добивал повеќе внимание од фановите на пејачката, поради што таа станала љубоморна. По враќањето дома, нивниот брак повеќе личел на пекол, па се развеле.

6. Крис Катан и Саншајн Тут: осум недели. За време на венчавката, тој тврдел дека целата работа е искрена и дека насмевката на лицето е повеќе од вистинита. Не е наведено зошто се развеле, тоа што е наведено е дека тој имал предбрачен договор.

7. Лиса Мери Присли и Николас Кејџ: три месеци. Откако се развде од Кејџ, Лиза, позната по својот претходен девет месечен брак со Мајкл Џексон, изјави дека и е жал за разводот, но бракот со Кејџ бил грешка и дека воопшто не требал да се случи.

Би можело да ве интересира:

Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
Не излегува без обезбедување, по Евросонг ќе оди во војска: Животната приказна на Израелката Иден Го... Израелската претставничка Иден Голан е „најомразената личност“ на Евросонг 2024....
Најсмешните мемиња за Мет гала 2024 + симболиката зад креациите на ѕвездите кои не ја промашија тема... Кои ѕвезди ја погодија темата „Градина на времето“ и ги прикажаа минливоста и кр...
Најубавите парови на Филмскиот фестивал во Венеција (фото) Ричард Гир и 33 години помладата сопруга, Моника Белучи и режисерот Тим Бартон –...
Скандалозниот син на Мајкл Џордан: Фатен на дело со прашкасти супстанци под нос, откако раскина со 1... „Не сме сигурни што е ова?“ – пишуваат светските таблоиди, откако беа објавени п...
Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде домаќинка: „Среќна сум што имам можност да бидам со дец... „Не глумев затоа што глумењето те оддалечува од домот“ – Ева Мендез открива зошт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg