Најубавите парови на Филмскиот фестивал во Венеција (фото)
- Детали
- среда, 04 септември 2024
Ричард Гир и 33 години помладата сопруга, Моника Белучи и режисерот Тим Бартон – дел од најубавите парови кои досега присуствуваа на Филмскиот фестивал во Венеција.
Филмскиот фестивал во Венеција е една од најважните манифестации во светот на кинематографијата и секоја година го посетуваат бројни врвни актери од целиот свет.
Годинава, фестивалот започна на 28-ми август и ќе трае сè до 7-ми септември, а досега на црвениот тепих се појавија некои од најомилените холивудски парови.
Покрај првото заедничко појавување на Бред Пит и Инес де Рамон, на фестивалот присуствуваа Џорџ и Амал Клуни, Ричард Гир и сопругата, Антонио Бандерас и девојка му Никол…