Најкратки бракови во Холивуд
- Детали
- четврток, 16 декември 2010
Голем број бракови завршуваат со развод, секако тоа важи и за браковите помеѓу ѕвездите во Холивуд- некои би рекле дека нивните бракови се...
...злогласни според тоа колку кратко траат.
Ова се некои од најкратките холивудски бракови некогаш склопени:
1. Рудолф Валентино и Џин Акер: шест часа. Добро прочитавте, бракот помеѓу познатиот холивудски срцекршач и американската актерка со која импулсивно се оженил траел се на се шест часа. Таа набргу зажалила поради венчавката и се заклучила во соба, до дваесет минутно тропање на вратата...без одговор, тој се откажал и си отишол. Џин подоцна тврдела дека бракот ниту еднаш не бил консумиран.
2. Бритни Спирс и Џејсон Александар: два дена. Познатата музичка ѕвезда во Вегас се омажи за симпатијата од детството и набргу се разведе, подоцна тврдејќи дека целата работа била шега која отишла предалеку.
3.Кармен Електра и Денис Родман: девет дена. Претходниот брак на Денис Родман траеше 82 дена. Малку по овој брак Родман побара развод, поради измама и ментална нестабилност. Подоцна тврдеше дека за време на венчавката бил „под гас“. Кармен Електра не се изјаснила за своите причини за брак.
4. Марио Лопез и Али Лендри: две недели. Пред тоа се забавувале шест години. Како причина за развод Лендри го навела неверството на сопругот.
5. Етел Мерман и Ернест Боргнин: четири недели. Двајцата зад себе имале барем по два неуспешни брака. Изгледа овде „зашкрипело“ уште за време на медениот месец: познатиот актер добивал повеќе внимание од фановите на пејачката, поради што таа станала љубоморна. По враќањето дома, нивниот брак повеќе личел на пекол, па се развеле.
6. Крис Катан и Саншајн Тут: осум недели. За време на венчавката, тој тврдел дека целата работа е искрена и дека насмевката на лицето е повеќе од вистинита. Не е наведено зошто се развеле, тоа што е наведено е дека тој имал предбрачен договор.
7. Лиса Мери Присли и Николас Кејџ: три месеци. Откако се развде од Кејџ, Лиза, позната по својот претходен девет месечен брак со Мајкл Џексон, изјави дека и е жал за разводот, но бракот со Кејџ бил грешка и дека воопшто не требал да се случи.