Повторно се врати на пороците, итно е пренесен во болница: Таткото на Бритни Спирс „се распаѓа“ откако ја изгуби контролата над ќерката

„Беше на рехабилитација, но потоа пак почна да пие. Помалата ќерка мораше да го всели кај неа дома“ – според странските медиуми таткото на Бритни Спирс откако ја загуби битката за легалното старателство над пејачката повторно се вратил на старите пороци.

povtorno-se-vrati-na-porocite-itno-e-prenesen-vo-bolnica-tatkoto-na-britni-spirs-se-raspagja-otkako-ja-izgubi-kontrolata-nad-kjerkata-01.jpg

Во рамки на јавната битка за ослободување од легалното старателство на Бритни Спирс (41), нејзиниот татко Џејми (71), беше претставен како најголемиот негативец во приказната, а според пишувањата во светските медиуми, додека пејачката објавува контроверзни содржини на својот Инстаграм профил, нејзиниот татко повторно се вратил на старите пороци.

povtorno-se-vrati-na-porocite-itno-e-prenesen-vo-bolnica-tatkoto-na-britni-spirs-se-raspagja-otkako-ja-izgubi-kontrolata-nad-kjerkata-02.jpg

Наводно, откако Џејми загубил контрола врз легалните и финансиските прашања поврзани со животот на Бритни Спирс во 2021-ва година, неодамна бил на клиника за рехабилитација, со цел да се избори со алкохолизмот, а со оглед на тоа што веднаш штом излегол од клиниката повторно им се вратил на пороците, тој почнал да живее со помалата ќерка Џејми Лин Спирс.

povtorno-se-vrati-na-porocite-itno-e-prenesen-vo-bolnica-tatkoto-na-britni-spirs-se-raspagja-otkako-ja-izgubi-kontrolata-nad-kjerkata-06.jpg

Мајката на на Бритни, Лин Спирс во својата книга Through The Storm од 2008-ма година, откри дека нејзиниот сопруг и во минатото имал проблеми со пороците, па бил зависник од алкохол и коцкање.

povtorno-se-vrati-na-porocite-itno-e-prenesen-vo-bolnica-tatkoto-na-britni-spirs-se-raspagja-otkako-ja-izgubi-kontrolata-nad-kjerkata-07.jpg

Според најновите информации, таткото на Бритни во јули излегол од Клиниката за рехабилитација, откако завршил 30-дневна програма за одвикнување, но имал проблем за да остане трезен, па затоа помалата ќерка Џејми Лин го примила во својот дом во Лузијана, каде што живее со сопругот Џејми и нивните две ќерки Меди (15) и Ајви (5).

„Џејми излезе од реахбилитација, но повторно почна да пие алкохол и неговата сопруга Лин и ќерката Џејми Лин се загрижени за него. Па, затоа Џејми Лин го викна да се грижи за нејзините две ќерки додека таа учествува во шоуто Dancing With The Stars“ – велат неименувани извори за Daily Mаil.

povtorno-se-vrati-na-porocite-itno-e-prenesen-vo-bolnica-tatkoto-na-britni-spirs-se-raspagja-otkako-ja-izgubi-kontrolata-nad-kjerkata-09.jpg

Помалата сестра на Бритни, Џејми, во минатото откри дека алкохолизмот на нејзиниот татко предизвикал голема недоверба во семејството затоа што никој не знаел дали може во целост да му верува.

Тој за првпат бил на рехабилитација во 2004-та година, кога Бритни го натерала да побара помош,  но во 2014-та година пејачката, пред судот изјави дека се сомнева дека нејзиниот татко повторно се вратил на пороците.

Прочитајте и Телохранител на Бритни открива детали: „Ѝ даваа тешки лекови поради кои стануваше неразумна, не се бањаше со денови“

povtorno-se-vrati-na-porocite-itno-e-prenesen-vo-bolnica-tatkoto-na-britni-spirs-se-raspagja-otkako-ja-izgubi-kontrolata-nad-kjerkata-10.jpg

Од друга страна, пак, Page Six, пишува дека Џејми бил итно хоспитализиран затоа што се бори со инфекција и итно требало да му биде направена операција.

povtorno-se-vrati-na-porocite-itno-e-prenesen-vo-bolnica-tatkoto-na-britni-spirs-se-raspagja-otkako-ja-izgubi-kontrolata-nad-kjerkata-08.jpg

Откако ги прекина сите односи со својата постара ќерка Џејми повеќепати беше фотографиран од папараци и на фотографиите се гледа дека е екстремно ослабен, а според некои извори, освен што имал проблеми со пороците, тој бил примен на операција пред неколку месеци, заради компликации поврзани со неговата операција на коленото од 2000-тата година.

povtorno-se-vrati-na-porocite-itno-e-prenesen-vo-bolnica-tatkoto-na-britni-spirs-se-raspagja-otkako-ja-izgubi-kontrolata-nad-kjerkata-05.jpg

Инаку, по ослободувањето од 13-годишното легално старателство Бритни Спирс во целост го прекина контактот со членовите на нејзиното потесно семејство и ја користи секоја пригода за да ги оцрни и да ги обвини за тоа што ѝ го направиле и начинот на живот што ѝ го наметнале.

povtorno-se-vrati-na-porocite-itno-e-prenesen-vo-bolnica-tatkoto-na-britni-spirs-se-raspagja-otkako-ja-izgubi-kontrolata-nad-kjerkata-04.jpg

Прочитајте и Болниот татко на Бритни Спирс живее во камп-приколка + сестра ѝ тврди дека нема удел во злоупотребата по нападите од јавноста

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg