Скромната принцеза Кејт, третпат во ист фустан
Војвотката од Кембриџ важи за жена која ретко ги крши модните правила. Сепак, она старо непишано правило дека не треба да се појавува во иста облека повеќе пати, таа не го поддржува.
На премиерата на 3Д филмот на Сер Дејвид Атенбор во Природно – научниот музеј во Лондон се појавила во фустан кој претходно двапати го има носено лани. Но, старата облека не го нарушила нејзиниот беспрекорен изглед.
Долгиот фустан со црна тантела во кој присуствувала на премиерата го носела во јануари 2012 година на премиерата на филмот „War Horse“ и во ноември истата година на хуманитарната вечера во Универзитетот „Сент Ендруз“.
Прикажувањето на филмот, Кејт го проследила со 3Д очила и насмевка која не ја симнувала од лицето.
Само неколку часа пред премиерата во Музејот, Кејт облечена во елегантен црн костум ја посетила Јужноафриканската куќа во центарот на Лондон, каде во книгата на жалост го изразила своето сочувство по повод смртта на Нелсон Мандела.
Кејт инаку е позната по своето т.н. рециклирање облека, така што ова не е првпат да облекува една иста облека повеќе пати. Сепак, смета дека нема ништо лошо во тоа да се облече нешто исто, кое сепак добро и прилега, а при тоа заштедува.
Дизајнерката на овој фустан, Алис Темперли ја смета Кејт за вистинска инспирација и модна икона која е многу грациозна и одличен промотер на британската мода. Нејзините комбинации се мешавина од дизајнерска и висока улична мода, таа е совршена модерна жена.