Најнови детали за кралската крштевка: Принцот Џорџ ќе носи фустан
Денес во 15 часот по локално време, во кралската капела на палатата Св.Џејмс ќе се одржи крштевањето на малиот британски принц Џорџ, син на Кејт и Вилијам.
Тие решиле дека традицијата треба да се задржи, така што нивниот син ќе биде крштеван во истата капела како и синовите на принцезата Дајана.
Во оваа прилика, младиот Џорџ ќе носи реплика на фустанот од тантела и сатен, кој го носел секој британски монарх уште од 1841 година.
Се очекува дека принцот Џорџ ќе има дури 6 кумови, од кои двајца се стари пријатели на принцот и една училишна пријателка на Кејт.
Интимноста и приватноста ќе бидат максимално задржани, така што ќе присуствуваат само најблиските членови на семејството.