10 работи кои не треба да му ги наметнувате на вашето дете (и зошто)
Колку пати ви се случило да му кажете на детето да излаже дека не сте дома на телефон, или да го терате да јаде затоа што сметате дека не каснало ништо? Кои 10 работи не треба да го терате детето да ги прави и треба да му дозволите тоа само да донесе одлука?
Иако ви се чини дека децата не знаат што сакаат тие многу убаво знаат кога нешто не им се допаѓа или им се допаѓа. Дополнително во некои од ситуациите треба особено да внимавате за да не им упатите погрешна порака дека некое однесување е оправдано и дозволено во одредени ситуации.
Кои 10 работи никогаш не треба сосила да му ги наметнувате на детето?
Да лаже за вас
На сите може да им се случи да им заѕвони телефонот и ако не се расположени за разговор да му кажат на детето да излаже дека не се дома.
Ако му давате до знаење на детето дека според вас е во ред да лаже кога вам тоа ви е потребно, како тогаш ќе го научите дека ова не е добра навика?!
Тоа ќе процени дека нема ништо лошо во лажењето, па ќе почне да го применува во секојдневното однесување.
Да јаде ако не е гладно
Децата треба да имаат 3 главни оброци дневно или пет помали оброци, но секое дете е приказна за себе.
На детето нема ништо да му се случи ако не јаде во моментот кога вие го терате со сила да јаде, а насилното хранење може да има долгорочни последици и да предизвика нарушувања во исхраната.
Да биде тоа што не е
Некои деца се повлечени и срамежливи и нема потреба да им наметнувате да бидат подружељубиви и постојано да се дружат со други деца ако не сакаат.
Прифатете дека вашето дете сака да си игра само со едно другарче и не го интересираат другите деца.
Истото важи и за оние деца пак што сакаат постојано да бидат опкружени со други деца и да другаруваат. Дозволете му на вашето дете постојано да биде во друштво на други деца и да го прави тоа што го сака.
Да се извинува кога не знае што згрешило
Нема потреба да му наметнувате на детето да им се извинува на другарчињата со кои се скарало, ако и самото не може да увиди во што му е грешката.
Потребно е прво да му објасните каде згрешило за да сфати за што треба да се извини.
Да се поздравува со непознати луѓе
Понекогаш децата немаат проблем да се поздрават со некои луѓе, но од други се срамат и тоа е во ред.
Запомнете детето не е ниту непристојно, ниту безобразно, само не се чувствува доволно безбедно за да ѝ дозволи на таа личност да „влезе во неговиот интимен простор“.