„Си го оставив бебето на 48 часа за да одам на викенд со другарките - сите ме нападнаа и морам да им упатам апел“
„Јас го сакам моето бебе, но сакам и да правам забавни работи за себе. Една порака утринава ‘Како можеше да го оставиш бебето само со маж ти толку долго, тоа е толку погрешно...’ направи да размислувам што е толку погрешно со другите жени…“
Еши Бајнс (33) од Австралија е фитнес инфлуенсерка со 999.000 следбеници, која стана мета на критики откако објави дека го оставила своето мало бебенце за да оди на викенд со другарките.
Таа вели дека иако нејзиниот сопруг Стив бил задолжен да се грижи за нејзината мала ќеркичка Тала, како и за нивниот 7-годишен син, сепак онлајн навредите и нападите не престанале откако објавила за 48-часовното патување со другарките.
Нејзината објава гласи:
„Фотографиите се направени неколку мигови пред да ми се наполнат очите со солзи затоа што го напуштам моето бебе на 48 часа. Го можам ова! Чувствувам како да ми недостига рака, но нејзиниот татко ми испраќа видеа и успева да се справи со обврските како соло татко. Толку сум среќна штом имам семејство.
Знам дека осудите нема да запрат што ја оставам на 48 часа, но слушнете ме:
Јас го сакам моето бебе, но ги сакам и пријателите.
Јас го сакам моето бебе, но сакам и да патувам и сакам различност.
Јас го сакам моето бебе, но сакам и да правам забавни работи за себе.
Јас го сакам своето бебе, но полната доверба која ја имам во Стив и љубовта која им ја дава на децата, како и тоа што сака комплетно да се поврзе со нив, прави да можам да уживам сама, знаејќи дека тие се среќни и безбедни.
Една порака утринава „Како можеше да го оставиш бебето само со Стив толку долго, тоа е толку погрешно...“ направи да размислувам што е толку погрешно со другите жени, па размислуваат вака и ми праќаат вакви пораки и плус зошто би имала деца со некој на кој не можам да му верувам дека правилно ќе се грижи за нив? Погрешно е да ги оставам децата со нивниот татко?
Ако таткото отиде некаде на 48 часа, дали воопшто некој ќе праша нешто?
Мајки, ајде да бидеме фини едни кон други и да не пренесуваме омраза кон мајките кои си го живеат животот на начинот кој сметаат дека е правилен.
За вас тоа можеби не изгледа правилно и во ред е, сите правиме така како што мислиме дека е добро за нас.
И да кажам дека пораката од таа жена не ме вознемири ниту најмалку, туку ме инспирираше да го напишам ова и да отворам тема за свесност кај мајките дека е во ред да имаат свој живот и да уживаат во другите делови од животот, покрај мајчинството или едноставно понекогаш да си земат пауза.“