8 начини како да направите вашето дете да стане самоуверена и одговорна личност

Дозволете му да се дружи со возрасни

Нормално, дружбата со врсниците е важна за децата, но немојте да му забранувате да разговара со возрасни.

Ако, на пример, сте на гости, дозволете му на детето да поседи и со возрасните, а не само со другите деца.

Децата секогаш имаат безброј прашања за возрасните и можат да научат многу од нив.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-da-stane-samouverena-i-odgovorna-lichnost-06.jpg

Играјте си со него

Играњето со детето е одличен начин да му покажете дека тоа има вредност и заслужува некој да му посвети внимание.

Притоа, обрнувајте внимание на она што ви го зборува и разговарајте со него.

Сето ова ќе му ја зголеми самодовербата.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-da-stane-samouverena-i-odgovorna-lichnost-07.jpg

Не го казнувајте за малите грешки

Кога детето ќе направи грешка, треба да разговарате за тоа, но избегнувајте да го казнувате.

Наместо тоа, помогнете му да си ја воочи грешката, но и да сфати зошто неговата постапка била погрешна.

Со ова детето ќе научи да си ги признава грешките и подоцна во животот многу полесно ќе ги решава конфликтите со другите луѓе.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-da-stane-samouverena-i-odgovorna-lichnost-08.jpg

Давајте му обврски низ домот

Научете го детето да биде одговорно така што ќе му давате обврски низ домот.

Речете му само да си ги средува играчките, а ако е доволно големо кажете му и одвреме-навреме да мие садови или да завршува некоја друга обврска низ домот.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-da-stane-samouverena-i-odgovorna-lichnost-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg