7 грешки што ги прават родителите на почетокот од школската година
Не му го купуваат потребниот прибор
Само затоа што вам не ви требало нешто кога сте оделе на училиште, не значи дека истото важи и за вашето дете.
Ако детето ви рече дека на училиште му треба поголем линијар, калкулатор, ножички за хартија или што било, пробајте да му го набавите тоа.
Сигурно не сакате детето да не може да биде дел од училишните активности само затоа што вие не верувате дека му треба нешто.
Го преполнуваат детскиот распоред со активности
Не заборавајте дека вашето дете сепак е само дете.
Затоа, немојте да му го исполнувате секој ден со активности.
По училиште, детето треба да има време да се одмори, да си поигра, да напишете домашна и да научи ако има тест или испрашување.
Дозволете му на детето да си одбере една, најмногу две вонучилишни активности, како странски јазик или спорт, а останатото време нека биде негово.
Зборуваат лошо за наставниците пред децата
Не е ништо ново некој родител да биде незадоволен од наставникот, но немојте да го кажувате ова пред вашето дете.
Ако имате каков било проблем со наставникот, разговарајте за тоа со него, а не со детето.
Сепак, детето треба да ги почитува наставниците и да има добар однос со нив.
Дозволуваат детето да го испушти првиот училишен ден
Можеби септември е одличен месец за на море, но не дозволувајте детето да го испушти првиот училишен ден поради ова.
Дури и ако детето е во истиот клас и со истите наставници од претходната година, не е препорачливо да отсуствува на првиот училишен ден.
Токму во првите денови од школската година детето ќе може да споделува импресии од неговото лето, да запознае нови пријатели и да се запознае со наставната програма.
Спирова С. | Црнобело