8 грешки во грижата за бебиња што новите родители треба да ги избегнуваат
Не ја запоставувајте оралната хигиена и не заборавајте да се консултирате со лекар пред да почнете да му давате друга храна на вашето бебе.
Родителите кои очекуваат дете, а веќе имаат едно, многу добро знаат што да очекуваат. Тие ги знаат и сите трикови и совети, а знаат и што треба да избегнуваат.
Но, новите родители првпат се соочуваат со сè, па знаат да направат и грешка.
Секако, тие го мислат најдоброто за нивното дете, но поради немањето искуство, нормално е да не знаат сè.
Ако сте нов родител, сигурно ќе ве интересираат најчестите грешки во грижата за новороденчето што би требало да ги избегнувате.
Нормално, секогаш кога не сте сигурни за нешто или сакате да направите некоја промена во грижата за бебето задолжително консултирајте се со вашиот лекар. Тој најдобро знае што треба, а што не треба да правите и со задоволство ќе ви помогне.
Во продолжение најчестите грешки на кои треба да обрнете внимание:
Ја запоставувате оралната хигиена
Препорачливо е да почнете да ги миете запчињата на бебето веднаш откако ќе почнат да растат.
Штом ќе ги забележите првите запчиња, разговарајте со вашиот лекар кој ќе ви помогне да ја одржувате оралната хигиена на вашето дете, и со тоа да го намалите ризикот од кариес.
Му ставате цуцла со врвка
Бебињата редовно ги губат цуцлите, па можеби ви изгледа како добра идеја да ја закачите на облеката со врвка.
Но, ова може да биде опасно за мало дете – врвката може да се заплетка на некој дел од неговото тело и да предизвика сериозни проблеми.
Го оставате светлото вклучено кога бебето спие
Ако го оставате светлото вклучено навечер, детето ќе се навикне и кога ќе порасне можно е да се јави страв од темница.
Покрај тоа, не заборавајте дека на нашиот организам, вклучувајќи ги и бебињата, му е потребна темница. Светлината го стимулира мозокот и може да го наруши сонот.
Кога ќе го исклучите светлото навечер, бебето ќе спие подобро, а темницата ќе му биде како знак дека е време за спиење.
Почнувате да го храните многу рано
Ако сакате да почнете да му давате друга храна на детето освен млеко, морате да се консултирате со лекар.
Препорачливо е да не го храните детето со друга храна пред да наполни шест месеци.
Исто така, на почетокот не треба да му давате многу храна и треба постепено да ја воведите покрај мајчиното млеко.
Но, пред да направите какви било промени, разговарајте со вашиот лекар кој ќе ви каже дали можете да почнете да му давате храна на бебето, но и која храна е најдобра за него.