9 погрешни верувања со кои растат емоционално запоставените деца (а не се вистина)
Другите ќе ве осудат ако ги покажете своите емоции.
Бевте ли судени во семејниот дом затоа што покажувате емоции? Ако е така, тогаш тоа ќе има моќ врз вас цел живот да живеете криејќи ги емоциите од другите или уште полошо мислејќи дека тие ќе ги искористат против вас.
Потпирањето на некој друг ќе ви донесе разочарување.
Како дете ви е потребна помош, но и како возрасна личност. Како дете ви требаат насоки, предлози, совети и ако вашите родители не успеат да ви го дадат тоа, вие ќе мислите дека во текот на животот нема потреба да барате помош од други луѓе, затоа што ќе доживеете разочарување.
Другите не се заинтересирани што имате да кажете.
Како дете имате милион прашања за светот околу вас, но ако вашето семејство не ве слуша доволно, во иднина ќе верувате дека вашите прашања и ставови за светот не се вредни и треба да си ги задржите за себе.
Сами сте на светот.
Како дете, потребно ви е чувството дека вашите родители ви го чуваат грбот, без разлика што и да се случи. Но, ако постојано се зафатени кога ќе им побарате помош, несвесно ве учат дека сте сами на светов и немате на кого да се потпрете.
С. С. | Црнобело