Мајка стана хит на социјалните мрежи – стомакот ѝ е рамен и во 5-тиот месец од бременоста (фото+видео)
Керолин Хјеле е хит на социјалните мрежи поради нејзината прва бременост – дури и во 5-тиот месец, нејзиниот стомак бил потполно рамен. Моментално таа го очекува второто дете, а и во втората бременост стомачето ѝ е практично невидливо.
Керолин Хјеле е мајка на едно дете, а моментално со сопругот Шон го очекуваат и второто. 24-годишната мајка и сопругот се венчале во јануари минатата година, кога таа била во петтиот месец од бременоста. Но, нејзиното трудничко стомаче било невидливо.
Керолин сподели видео на ТикТок каде што покажува како ѝ изгледал стомакот од вториот до петтиот месец од првата бременост. Нејзиниот стомак е буквално рамен, па не е ни чудно што видеото е прегледано над осум милиони пати.
@carolinehjelle Reply to @_jordynjobackup_ 2020 changed all of our plans but my dreams came true with this man and our babies ? #fyp #wedding #marriage #pregnancy ♬ Love Grows (Where My Rosemary Goes) - Edison Lighthouse
Во коментарите, покрај комплиментите за изгледот на Керолин, многумина и се шегуваат:
„Мене стомакот ми е поголем откако ќе се најадам!“
Нормално, Керолин се соочува и со многу критики од корисници кои сметаат дека сигурно имала проблеми со здравјето. Но, младата мајка вели дека редовно се консултирала со лекар во текот на бременоста, како и дека и таа и детето биле со одлично здравје.
Поради многуте критики, дел од луѓето со коментари ѝ даваат поддршка на Керолин, споделувајќи слични искуства:
„Немојте да ја осудувате мајката само затоа што не ѝ се познава стомакот во текот на бременоста!“
„Мислам дека е прекрасно што сите тела се различни за време на бременост. Јас, на пример, изгледав како да сум во 20-тата недела кога бев во 11-та недела од бременоста“.
„Мојот стомак не се познаваше до шестиот месец. Изгледаш прекрасно!“
Како што напоменавме, Керолин и нејзиниот сопруг го очекуваат нивното второ дете и 24-годишната мајка е во осмиот месец од бременоста. И овојпат, нејзиното стомаче е едвај видливо.
Керолин во 9-тиот месец од втората бременост