„Пораснав живеејќи со баба и дедо - кои драгоцени животни лекции ги научив од нив?“
Баба и дедо ме научија: „Не знаеш дека нешто ќе биде забавно, ако не се осмелиш да излезеш и да го пробаш тоа, вложи напор и излези дури и кога не ти се мрда од креветот. Животот е еден.“
Џени Силбер е 23-годишна девојка од САД која искрено раскажува како живеењето со нејзините баба и дедо ја научило важни животни лекции.
Нејзината приказна:
Моето семејство се всели во домот на моите баба и дедо во Њу Џерси во 2008 година, кога имав 9 години.
Неодамна, на 23 години, се отселив и за првпат живеам сама во стан во Бруклин, Њујорк, но од животот со баба и дедо научив важни животни лекции.
Сфаќам колку големо влијание имаа тие врз мојот живот.
Најважни лекции што ги научив од нив:
„Не знаеш дека нешто ќе биде забавно, ако не се осмелиш да излезеш и да го пробаш тоа, вложи напор и излези дури и кога не ти се мрда од креветот. Животот е еден.“
„Имаш различни пријатели од различни причини. Колку повеќе, толку подобро.“
Моите баба и дедо имаа еден куп пријатели и тоа не значи дека имаа исто мислење за сите нив. Баба ми имаше една пријателка која секогаш ја нарекуваше „луда“ и таа ѝ беше за забава. Потоа имаше пријателка со кога филозофираа со часови за суштината на постоењето.
Гледав и како нивните пријатели починуваа, па велев убаво е што имаат многу за да не бидат сами и осамени.
„Ќе имаш време за спиење.“
Моите баба и дедо постојано патуваа, немаше земја во која не биле. Како дете ме носеа и на неколку егзотични одмори со нив. На секој одмор баба ми нѐ будеше сите со фразата дека не платила пари за сите за ние да спиеме и залудно да го губиме времето.
„Бори се за тоа во кое веруваш и знај зошто се бориш за тоа.“
Тие имаа жестоки дебати на различни теми и знаев дека ако вечерам со баба и дедо ќе треба да дојдам со некои информации на масата. Ме научија како да се борам за своите ставови и за тоа во кое верувам. Ме научија да дебатирам и да бидам самоуверена.
„Ако не ти се допаѓа нешто, промени го.“
Моите баба и дедо сакаа да дебатираат за состојбата во светот, но исто така веруваа дека активно треба да работат за да ги променат работите на локално ниво. Со работа до исполнување на соништата ме учеа тие.