„Не му требало казна, туку сон“: Мајка е мета на критики откако објави видео со ќерката што заспала во ќош

„Девојчето стои во ќош и спие. Мајката го снима, му ја поместува главата за да се види дека е во длабок сон и го остава така да продолжи да спие“ – ова е содржината на краткото видео што се најде на социјалните мрежи. Прифатлив ли е сè уште овој метод на казна?

ne-mu-trebalo-kazna-tuku-son-majka-e-meta-na-kritiki-otkako-objavi-video-so-kjerkata-shto-zaspala-vo-kjosh-01.jpg

Родителите знаат колку понекогаш е тешко да се справиш со мало дете што плаче, не сака да се смири и скока без престан или воопшто не сака да слушне дека го прекоруваш да се смири.

Во недостаток на старата добра алатка, од типот „исплескај го ќе се смири“, голем број родители сè уште сметаат дека казната со отстранувањето на детето од другите и неговото ставање во ќош е прифатлива и дека сосема е оправдана.

„Ајде во ќош“ или „Брзо во твојата соба“ – се некои од казните што некои родители ги применуваат за да ги смират немирните деца и да ги натераат да размислат за сопствените постапки и да увидат дека тоа што го прават не е во ред.

ne-mu-trebalo-kazna-tuku-son-majka-e-meta-na-kritiki-otkako-objavi-video-so-kjerkata-shto-zaspala-vo-kjosh-02.jpg

Голем дел од нас се сеќаваат дека оваа казна беше мошне застапена во училиштата и во градинките. Кога некој не е умен, ќе го стават во „лошо ќоше“ за да размисли што прави и дали треба така да продолжи, а другите деца гледаат и веднаш се смируваат за и тие да не завршат таму.

Една мајка сподели видео на социјалната мрежа ТикТок и предизвика вистинска дискусија. На видеото се гледа како нејзиното мало девојче заспало во аголот додека е казнето.

Мајката во еден миг дури и ја навалува главата на детето за нејзините следбеници на социјалните мрежи да може да видат дека детето цврсто спие стоејќи, а потоа само го враќа и го остава така да продолжи да спие.

ne-mu-trebalo-kazna-tuku-son-majka-e-meta-na-kritiki-otkako-objavi-video-so-kjerkata-shto-zaspala-vo-kjosh-03.jpg

Видеото досега има 6,6 милиони прегледи, а иако имаше голем број родители што го поздравија нејзиниот метод на воспитување, тврдејќи дека така детето од мали нозе ќе се научи „на структура и дисциплина“, голем број упатија критики.

„Ова е тажно“, „Ова е совршен пример зошто ставањето во ќош не е добар метод за воспитување“, „На девојчето му требало сон, а не да го ставиш во ќош. Каква мајка си ти?“, „Не требало да ја ’исклучиш‘, туку да ја ’вклучиш‘“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете го видеото:

@judithrose25

##fyp ##funny ##viral_videos

♬ Pennies From Heaven - Remastered - Louis Prima

Инаку, на оваа тема во 2019-та година правел истражување и магазинот Time.

Во текстот насловен „Дали ставањeтo на децата во ќош е безбеднo?“ се обработуваат токму овие теми и се раскажува приказната на Ејми и Стив Анру од Флорида, на кои не им било дозволено да посвојат дете затоа што во нивните методи на воспитување користеле ставање на детето во ќош и изолирање во друга соба.

Иако ставањето во ќош, како што се вели во текстот, е одобрено и од Американската академија на Педијатри и од Американската Академија за детска и адолесцентна психијатрија, сепак, доктор Даниел Сигел од Медицинското училиште во UCLA вели дека отстранувањето на детето во ќош може да значи дека ја одбивате „длабоката потреба на детето за поврзаност кога не се чувствува добро“.

ne-mu-trebalo-kazna-tuku-son-majka-e-meta-na-kritiki-otkako-objavi-video-so-kjerkata-shto-zaspala-vo-kjosh-04.jpg

Според него во најголем дел ваквите казни не се спроведуваат правилно, затоа што е потребно казната да биде кратка и нередовна, а родителите треба да бидат љубезни додека го казнуваат детето.

Наместо бркање на детето во ќош (time-out) или „исклучување“, според него поприфатлива е методата на „вклучување“ (time-in), во која треба да побарате детето да се смири и да седне заедно со родителот.

На овој начин родителот му кажува на детето дека е тука за него и ќе му помогне да ги надмине проблемите.

Сепак, оваа метода на вклучување е релативно нова, а дел од колегите на Сигел тврдат дека нема доволно научни податоци за тоа каков ефект би имала долгорочно.

ne-mu-trebalo-kazna-tuku-son-majka-e-meta-na-kritiki-otkako-objavi-video-so-kjerkata-shto-zaspala-vo-kjosh-05.jpg

Од друга страна пак, на родителите мошне им е тешко понекогаш да се справат со дете што одеднаш почнува да вика, да скока, не се смирува и не прифаќа никаква „команда“.

Некогаш родителите немаат трпение или време да видат дали на детето му треба сон, дали е гладно или пак проблемот е во нешто друго, а тоа „комуницира“ така што е немирно, плаче или користи други методи за да го привлече вниманието.

Решаваме ли нешто со казните? Дали ставањето во ќош е начин на којшто детето се учи на ред и дисциплина или само повеќе ги влошуваме работите?

Што мислите вие? Кои методи ги користеле за воспитување со вас кога сте биле деца, а кои методи сметате дека денес се прифатливи?

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg