Емотивно до солзи: „До Дедо Мразот што се потсмеваше на мавтањето на рацете на мојата аутистична ќерка“

„Ти не си првата личност што гледа во моето семејство и се потсмева или зјапа во нас“ – вели оваа мајка на аутистични деца во писмото упатено до Дедо Мраз што се потсмевал на реакцијата на нејзината ќерка.

majka-po-loshata-reakcija-na-dedo-mraz-kon-nejzinite-autistichni-deca-ne-ti-se-lutam-za-zhal-ne-si-prviot-shto-ni-se-potsmeva-01.jpg

Стефани Ханаран е блогерка што редовно објавува постови за предизвиците со кои се соочува поради болеста на нејзиниот сопруг кој страда од ретко заболување на срцето и кому му е потребна трансплантација, како и од животот како мајка на две деца со аутизам Кембпел (7) и Ели (5).

majka-po-loshata-reakcija-na-dedo-mraz-kon-nejzinite-autistichni-deca-ne-ti-se-lutam-03.jpg

Таа неодамна на својот Facebook профил упати писмо до Дедо Мраз, кој, како што вели, се потсмевал на мавтањето на рацете на нејзината 7-годишна ќерка.

Зборот „стиминг“ во главно се однесува на само-стимулирано однесување и најчесто се врзува за повторување на одредени движења или звуци.

majka-po-loshata-reakcija-na-dedo-mraz-kon-nejzinite-autistichni-deca-ne-ti-se-lutam-04.jpg

Стефани раскажува како таквиот „стиминг“ на нејзината 7-годишна ќерка Кемпбел бил прифатен од страна на Дедо Мраз и воедно се обидува да ја поткрене свеста кај Дедо Мраз за различните дечиња кои кај него доаѓаат со различни потреби и од различни семејства.

Во продолжение проследете го нејзиното писмо во целост:

До Дедо Мразот што се потсмеваше на мавтањето на рацете на мојата аутистична ќерка,

Моите деца чекаа цела година за да седнат во твојот скут. Беа мошне возбудени, па затоа кога ќерка ми седна до тебе, почна да мавта и да плеска со рачињата од радост.

Ова се нарекува „стиминг“ и е резултат на нејзиниот аутизам. Не очекувам дека треба да го знаеш тоа, но очекувам дека Дедо Мраз треба да биде безбедно место каде невролошките разлики нема да бидат имитирани и ставени во прв план.

Ме праша: ’Дали секогаш прави вака?‘ додека ти ги тргна твоите раце од неа и ги стави своите кожени ракавици. Наместо да ја прашаш што сака за подарок оваа година, ти ја присилуваше да ти одговори на прашањето: ’Што правиш со рацете‘ додека таа седеше со празен поглед.

Дедо Мраз, таа не знае за разликите на нејзиниот нервен систем, бидејќи тоа воопшто не е важно за нас. Нејзиното мавтање е израз – нешто што е нормално за нејзиниот прекрасен, радосен дух.

Не е нешто од што треба да се срамиме.

majka-po-loshata-reakcija-na-dedo-mraz-kon-nejzinite-autistichni-deca-ne-ti-se-lutam-02.jpg

Дедо Мраз сакам да знаеш дека не ти се лутам. Ти не си првата личност што гледа во моето семејство и се потсмева или зјапа во нас. Но, мојата работа како нејзина мајка е да ја зголемам емпатијата, па затоа се обидувам малку да ја поткренам свеста.

Ќе видиш многу деца годинава. Деца што навидум се во ред, а во суштина се мошне уплашени од разорените семејства или од родителите што се зависници од дроги или пак голем број други проблеми што често не се гледаат во јавност.

Тие доаѓаат да те видат затоа што веруваат во тебе.

Затоа, те молам да го направиш истото.

Моето мало девојче има 7 години. Ова можеби ќе биде последната година кога таа ќе верува во твојата магија. Така следниот пат кога ќе видиш дете како моето што ги изразува емоциите со сопственото тело – сметај дека тоа е нешто убаво, а не бизарно.

Можеби овој свет би бил поубаво место ако престанеме со тоа да ги издвојуваме разликите.

Ти си светлина и надеж Дедо Мраз. Ти си некој што се појавува ги отвора рацете и вели: ’Дојди седни до мене‘. Тоа е подарокот на прифаќањето, нешто што голем број семејства што се соочуваат со аутизам не го добиваат.

Затоа запомни, има голем број радости во овој свет.

Само среќните малкумина имаат можност да им мавтаат со рачињата.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg