„Ми рекоа дека не можам да имам деца – останав бремена двапати, зачнавме близнаци од прв обид“
„Јас сум онаа на која ѝ рекоа дека никогаш нема да има деца, а сега добив три деца во една година“ – Ема Гернс од Англија ја споделува својата неверојатна приказна.
Ема Гернс (34) раскажува како поради нејзината телесна градба на 25 години лекарите ѝ рекле дека има многу мали шанси за да стане мајка по природен пат.
Лекарите сметале дека таа има минимални шанси да стане мајка по природен пат затоа што нејзината матка и грлото на матката се неправилно поставени.
„Во тој период, не се загрижив премногу и се обидов да се фокусирам на кариерата, но кога го запознав сопругот сакавме да се обидеме. Јас сум онаа на која ѝ рекоа дека никогаш нема да има деца, а сега добив три деца во една година“ – вели таа.
Ема и нејзиниот сопруг Џејми (32) велат дека една година се обидувале да станат родители по природен пат пред таа да остане бремена со ќеркичката Харлоу, но особено биле изненадени откако таа останала бремена по вторпат набрзо по првото породување.
„Пред да дознаам дека сум бремена со ќеркичката, планиравме да направиме пауза и да не се обидуваме. Сакавме летото да го поминеме во забава, откако претходно цела година се обидувавме да ја добиеме Харлоу.“
Потоа, по Харлоу мислев дека ќе ми треба многу време за пак да останам бремена, особено затоа што лекарите ми рекоа дека тешко забременувам. Но, првиот пат кога водевме љубов по породувањето, повторно останав бремена“ – вели таа.
Ема вели дека нејзиниот сопруг во првиот момент не ѝ верувал дека е бремена кога му кажала.
Но, набрзо откако останала бремена по вторпат имала доста обилно крвавење, помислила дека најверојатно има спонтан абортус, а на прегледот во болницата лекарите увиделе дека таа носи два здрави фетуси.
„Бев шокирана. Јас мислев дека сум го загубила бебето, а ми кажаа дека носам близнаци. Отидов до автомобилот со плачење, а сопругот се обидуваше да ме смири и ми рече дека повторно ќе се обидеме. Кога му кажав дека носам близнаци тој мислеше дека се шегувам“ – раскажува Ема.
Таа вели дека со сопругот веќе немаат намера да го прошируваат семејството, затоа што навистина е напорно да се биде родител на три деца под двегодишна возраст.
„Прекрасно е, но многу е напорно. Се чувствувам благословено што имам три здрави деца, навистина мислам дека имав среќа и мошне сум благодарна“ – вели таа.
Ема ги родила близнаците Ноа и Артур само два дена откако го прославиле првиот роденден на нејзината ќерка Харлоу во февруари 2021 година. Близнаците сега имаат 9 месеци, а нивната сестричка Харлоу има неполни 2 години.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело