Исповед на мајка која бара помош: „Има денови кога помислувам да си заминам и да го оставам синот со татко му“

„Синот постојано оди по мене, а има изливи на гнев ако не му обрнам внимание или не му ги исполнам желбите“ – вели оваа мајка и признава дека се срами од тоа што помислува дека е најдобро да си оди.

majka-e-zgrozena-od-sebe-si-ima-denovi-koga-go-mrazam-sinot-pomisluvam-da-si-zaminam-i-da-go-ostavam-so-tatko-mu-01.jpg

На форумот за мајки во Велика Британија mumsnet анонимна жена излезе со искрена исповед за тоа колку е загрижена за сопственото однесување по изливите на бес (тантрумите) на нејзиниот двегодишен син.

Во голем број од коментарите по исповедта, родителите водени од сопствените искуства, оценуваат дека мајката најверојатно страда од постпородилна депресија и дека треба да побара помош.

Постпородилната депресија е психолошко растројство кое се јавува после породувањето на мајката, но дали тоа поминува само од себе или некогаш е неопходна помош?

Во продолжение проследете ја нејзината исповед во целост:

Син ми има речиси 2 години. Сметав дека досега ќе успеам да се приспособан како мајка и ќе бидам прибрана.

Мислев дека ќе бидам прекрасна мајка, нежна и смирена. Сепак, толку сум далеку од тоа, што воопшто не ми се допаѓа тоа што станав.

Се чувствувам како вооопшто да немам поим што правам.

Деновите ми се стресни и постојано сум во брзање. Никогаш не сум спокојна и се чувствувам како да не уживам во животот во моментов.

Работам 4 дена неделно од 8 до 17 и едвај да имам време да направам било што по работа.

Син ми, сѐ уште не ја преспива цела ноќ (никогаш и не спиел) и живеам ненаспиена. Најдолго што можам да отспијам без престан се три часа, а понекогаш и четири.

Неодамна почна да има страшни тантруми и се чини дека оваа состојба почна да предизвикува нешто ужасно во мене.

majka-e-zgrozena-od-sebe-si-ima-denovi-koga-go-mrazam-sinot-pomisluvam-da-si-zaminam-i-da-go-ostavam-so-tatko-mu-02.jpg

Се срамам од ова што го пишувам, но има денови кога мислам дека воопшто не го сакам. Има денови кога сака да биде постојано со мене, а јас чувствувам дека не сакам да бидам со него.

Ми се чини дека не можам да најдам пет минути за себеси, а тој постојано оди зад мене и има тантруми доколку не му обрнам внимание или не му ги исполнам желбите веднаш.

Но, со татко му не е таков, само со мене.

Сум слушнала голем број мајки како велат дека им се крши срцето кога ќе го слушнат нивното дете како плаче, а јас можам само да си излезам.

Имало мигови кога сум можела сосема лесно да му се развикам, но за да не го направам тоа, избирам да излезам од собата.

Понекогаш дури и се прашувам дали воопшто го сакам мојот син, затоа што, сигурно, мајката што си го сака детето не може да се чувствува вака за него.

Размислував и мислам дека е можеби подобро за нас двајцата доколку го оставам да живее со татко му и ако си заминам.

Секако, пак ќе го гледам синот, не велам дека нема да го гледам.

Мислам дека ако поминува време со мене неколкупати неделно ќе биде посреќен отколку да живее со мене, затоа што се чувствувам вака.

Не сакам да му наштетам на синот, но мислам дека многу лошо се приспособувам на улогата да бидам мајка, и е многу полошо отколку што мислев дека ќе биде.

majka-e-zgrozena-od-sebe-si-ima-denovi-koga-go-mrazam-sinot-pomisluvam-da-si-zaminam-i-da-go-ostavam-so-tatko-mu-03.jpg

Голем број од мајките што ја проследиле објавата на оваа мајка велат дека таа најверојатно има проблеми со постпородилна депресија.

„Кога имав слични чувства со моето прво дете имав страшна постпородилна депресија, бев сигурна дека не сум предодредена да бидам мајка и не ни помислував дека можеби страдам од депресија.

Побарав помош и сега не можам да си го замислам животот без мојот син и моето новородено дете. Побарај помош дури ако мислиш и дека не ти треба“ – се вели во еден коментар.

Што мислите вие? Сте имале ли слично искуство или можеби познавате некој што се справувал со ваков проблем?

Како да ги препознаете знаците на постпородилна депресија и повеќе совети од психотерапевт можете да прочитате ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело/фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg