Исповед на млада мајка која го дои детето на една страна: „Едната града ми е огромна – нормално ли е ова?“
За мајките на новороденчиња нема поголема радост од тоа кога нивното дете без проблем ќе почне да цица и да се храни. Такво било чувството и за инфлуенсерката Аби Херберт, сè додека не сфатила дека направила грешка со тоа што го доела бебето само од едната града.
Оваа 25-годишна инфлуенсерка од САД има 10 милиони следбеници на ТикТок и 1,3 милиони следбеници на Инстаграм, а во последно време привлече големо внимание кај нејзините следбеници откако откри со каков проблем се соочува заради тоа што го доела своете бебе само од едната града.
Во едно видео на ТИкТок таа појаснува дека нејзината ќерка Попи сака да цица само од едната града, па така одлучила дека ќе ја дои само од таа.
Но, по ексклузивното доење само од едната града, Аби сега се соочува со проблем што реши да го сподели во видео на ТикТок. Нејзината друга града е значително помала.
„Никој не ми кажа што ќе се случи ако го дојам бебето само од едната града. Едната града е цврста како камен – немам импланти, а другата ја нема никаде. Нормално ли е ова? Ќе се нормализира ли подоцна?“ – прашува таа во видеото.
Погледнете со каков проблем се соочува таа во продолжение:
@abbieherbert_ Is this normal? Mom friends help me out ##mom ##momlife ##relatable ##momsoftiktok ##momtok ##help ##baby ##babiesoftiktok ##surprise ##OneSliceChallenge ##comedy ##parents ##fyp ##4u ##viral ##thisisnotajoke
-->♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod
Таа се обидува да ги врати градите во нормална големина, па така објавува уште едно видео во кое може да се види дека откако Попи цицала и пред спиење, градите се приближно исти во големина, но 12 часа подоцна, следното утро, разликата е видлива.
Погледнете го видеото во продолжение:
@abbieherbert_ Will this go back to normal? ##momlife ##momsoftiktok ##momtok ##comedy ##itsnotajoke ##fyp ##4u ##surprise ##thisisme ##help ##babiesoftiktok ##babymama ##babytok
♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod
Инаку Аби е една од најпознатите инсфуленсерки на ТикТок и работи и како модел, а нејзиното прво видео што стигна до 1 милион прегледи беше видеото во кое раскажува како го запознала сопругот Џош Херберт.
Погледнете повеќе фотографии од Аби во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело