10 знаци дека вашето дете е разгалено
Има ниска самодоверба
Ова е слично со стравот од пораз. Разгаленото дете не е научено да прави ништо за себе бидејќи родителите се обидувале да ги отстранат сите пречки за него. Ова значи дека детето никогаш немало можност да направи грешка и да научи нешто од неа.
Кога разгаленото ќе се соочи со ситуација каде што ја нема постојаната поддршка од родителите, ќе чувствува страв и ќе се сомнева во своите способности.
Бара постојано внимание
Некои деца се поприврзани со нивните родители и тоа е во ред, но детето не треба да бара постојано да бидете фокусирани на него. Нормално, ова не важи за дечиња помали од 3 години на кои навистина треба постојано да внимавате.
Но ако детето е постаро, постојано го бара вашето внимание, а вие секогаш му го овозможувате тоа, тогаш го разгалување.
Не почитува авторитет
Ако детето не покажува почит кон воспитувачките во градинка, наставниците во училиште и генерално кон сите, најверојатно е разгалено. Во овој случај детето е убедено дека секогаш е во право, дека заслужува што и да побара и очекува сите да се адаптираат на него.
Ова не значи дека вашето дете треба да биде потчинето, но сите треба да покажуваме трошка почит кон другите.
Не ги цени парите, односно трудот
На многу мало дете тешко дека ќе му објасните како функционираат парите, но ако го научите да добива сè што ќе посака, тоа нема да ги цени парите и трудот кој се вложил за да се заработат.
Наводно, на разгалените деца им е потешко да станат финансиски независни од родителите кога ќе пораснат бидејќи се научени да добиваат сè во мигот кога ќе го побараат. Поради ова, тие нема да знаат како да ракуваат со нивните средства, голема е веројатноста да заглават во долгови и да си создадат многу проблеми.
Често се жали дека му е здодевно
Обично од 3-годишна возраст децата можат сами да се забавуваат со нивните играчки и по неколку часа. Ако вашето дете не знае што да прави кога му е здодевно и очекува вие да го забавувате, ова е знак дека е разгалено.
За да го избегнете ова, немојте да му купувате некоја нова играчка на детето секојпат кога ќе посака и ќе се пожали дека нема ништо интересно – кажете му дека мора да научи да си го исполнува времето со она што веќе го има.
Спирова С. | Црнобело