10 знаци дека вашето дете е разгалено
Сакајќи да им го овозможат најдоброто, многу родители прават грешка и ги разгалуваат нивните деца. Пробуваат да им ги исполнат сите желби, ги заштитуваат во буквално сите ситуации (дури и кога треба да научат нешто) и не дозволуваат нивните деца да почувствуваат неудобност.
Никој родител нема намерно да го разгали своето дете, но некогаш претераната грижа за него може да предизвика нешто вакво.
Па, како да препознаете дали вашето дете е разгалено и дали треба да преземете нешто?
Покажува учтивост кон другите, но не и кон вас
Дали вашето дете е учтиво и културно во присуство на други луѓе, но вам ве третира без трошка почит? Дали никогаш не покажува неблагодарност и не се двоуми дали да ви каже нешто навредливо? Тогаш најверојатно сте го разгалиле.
Одлично е што вашето дете се однесува добро кон другите, но мора да сфати дека и вие, родителите, ја заслужувате истата почит. Всушност, научете го детето да покажува почит кон сите, без разлика дали се странци, роднини или пријатели.
Не сака да ги завршува неговите домашни обврски
На 3 или 4-годишна возраст, вашето дете би требало да може барем да си ги собира играчките, а со текот на времето може да научи и едноставни обврски низ домот. До 10-годишна возраст веќе не би требало да му претставува проблем и да користи правосмукалка.
Важно е да го вклучите детето во одржувањето на домот со обврски соодветни на неговата возраст. Но, ако тоа не сака да прави ништо, дури ни да си ја стави облеката во корпата со валкани алишта, дефинитивно е разгалено.
Се однесува лошо со врсниците
Ако вашето дете не се согласува со сите врсници, не знае да дели со нив, ги навредува и слично – веројатно е разгалено.
Проблемот во оваа ситуација е што другите деца можеби ќе го трпат некое време, но постепено ќе почнат да го избегнуваат и тоа ќе остане без пријатели.
Ако забележите нешто вакво, разговарајте со вашето дете и кажете му дека треба да ги зема предвид и чувствата на другите.
Плаче хистерично кога нема да добие нешто
Плачењето е нормална појава кај сите деца и ако вашето одвреме-навреме плаче дури и хистерично, не треба да се грижите.
Но вашето дете сигурно е разгалено ако плаче хистерично секојпат кога ќе го одбиете, односно нема да му го дадете/купите она што го сака.
Ова значи дека вашето дете е научено да добива буквално сè, без разлика дали го заслужила или не. Па, преземете нешто во врска со тоа.
Не сака активности со натпреварувачки карактер
Штом детето не сака да биде дел од никакви активности со натпреварувачки карактер, тогаш се плаши од пораз. Нормално дека никој не го сака поразот, но сите знаеме дека и тој е дел од животот што не можеме да го избегнеме. Многу поважно е да научиме да го прифаќаме поразот и да не го сфаќаме трагично.
Разгаленото дете е навикнато да добива што и да посака и всушност никогаш не се соочило со пораз, па затоа и ќе ги избегнува ситуациите каде што има можност да доживее неуспех. Ова може да претставува сериозен проблем подоцна во животот.