Мајка се преправа дека плаче за да види која од ќерките ќе дојде да ја утеши - резултатот стана хит на ТикТок (видео)
Една мајка одлучила да тестира колку ја сакаат нејзините деца така што почнала да се преправа дека е вознемирена и плаче, а видеото го објави на ТикТок. Taa била вчудовидена од тоа кој дошол да види во што е проблемот.
Како што растат децата, мајките честопати имаат чувство дека нивните деца тинејџери полека ги отфрлаат.
Така оваа мајка што на ТикТок се јавува под името Лиен @leanne_linds41 сакала да види која од нејзините ќерки (едната на 17-годишна возраст, другата на 13-годишна возраст) прва ќе покаже загриженост за неа. Но, не очекувала дека најзагрижен за неа ќе биде нивниот миленик.
https://www.instagram.com/p/COGYKAtFYHC/?utm_source=ig_web_copy_link
Во видеото, Лиен пушта видео клип со жена што плаче и со камерата свртена кон вратата снима кое дете прво ќе дојде за да види што се случува. Додека чека и чека, станува јасно дека ниту една од ќерките нема да дојде, но затоа е тука нејзиното куче Френчи.
https://www.instagram.com/p/CQgx34TpNjc/?utm_source=ig_web_copy_link
Ова видео само уште еднаш покажа дека е точна старата изрека дека „Кучето е најдобар пријател на човекот“ и дека со текот на времето и милениците навистина се дел од семејството.
Погледнете го видеото во продолжение:
@leanne_linds41 Just what I ? ??♀️##fake##cry ##kids ##family ##momsoftiktok ##familylinds ##fypシ ##mom ##savage ##vibe ##welsh ##uk ##viral ##repost ##canitgoviralagain
-->♬ Crying, Woman - Authentic Sound Effects
Б. С. Б. | Црнобело