„Ќе се наспиеш кога ќе родиш!“ - Родители ги споделуваат најсмешните работи што им ги кажале луѓето без деца

Децата се нашето непроценливо богатство, но во исто време нивното доаѓање на овој свет за нас претставува една нова животна етапа полна со радости, новитети и промени.

Kje-se-naspiesh-koga-kje-rodish-roditeli-niz-smea-gi-spodeluvaat-najkomichnite-raboti-shto-im-m-kazhale-lugjeto-bez-deca 01 630x330.jpg

Одговорностите се значително поголеми, така што природно е нашите секојдневија да „претрпуваат“ низа значителни промени.

И сето тоа е во ред и очекувано, но секако – не за секого околу вас.

Дали некогаш сте наишле на некои чудни коментари од луѓето кои не се родители – или иако се, сепак немаат „допирна точка“ со должностите кои ги носи грижата за едно дете?!

Неодамна, родители на платформата Reddit ги споделија најсмешните (симпатични) работи што им ги кажале нивните пријатели и луѓето околу нив кои немаат деца.

Во продолжение ви издвојуваме неколку од нив:

Зарем не излегуваш со нас?

„Пријателите организираа вечерно излегување и со часови ме молеа да дојдам со нив. Дел од нив беа шокирани кога реков дека нема шанси да терам некого да ги чува моите деца“.

Ќе се наспиеш кога ќе родиш!

„Кога бев бремена не можев да спијам добро бидејќи секоја позиција ми беше непријатна. Така, еден мој пријател со добра волја ми рече: ’Веројатно не можеш да дочекаш да се породиш за конечно да можеш да заспиеш!‘“

Вечера за тројца

„Го однесовме нашето бебе на венчавка кога имаше 2 месеци и за него имаше порција, идентична како и нашата - целосен метален прибор за јадење и висок стол!"

Kje-se-naspiesh-koga-kje-rodish-roditeli-niz-smea-gi-spodeluvaat-najkomichnite-raboti-shto-im-m-kazhale-lugjeto-bez-deca 02 630x380.jpg

Креативен подарок

„Неодамна ги посетивме нашите пријатели - кои немаат деца, но навистина го сакаат нашето. Кога слушнаа дека мојата ќерка обожава сложувалки, тие ѝ подарија една од 1000 парчиња! Ќерка ми има три години“.

Дете или маче

„Кога добив син, братучед ми ме праша: ’Неговите очи се веќе отворени?‘ Низ смеа му кажав дека имам дете, а не маче“.

Уживај во одморот

„Кога заминав на породилно отсуство со моето трето дете, мојот шеф ми рече: ’Уживај во одморот!‘“

Kje-se-naspiesh-koga-kje-rodish-roditeli-niz-smea-gi-spodeluvaat-najkomichnite-raboti-shto-im-m-kazhale-lugjeto-bez-deca 02 630x380.jpg

Столче за хранење

„Кога бев бремена и избирав столче за хранење на бебето, мојот сопруг ми рече: ’Дали е ова навистина потребно? Зошто едноставно не можеме да го ставиме бебето на обичен стол?!‘“

Зошто не јаболко?!

„Непосредно по породувањето, се обидував да дојам. Отидов во тоалет и кога се вратив, мојот поранешен сопруг го хранеше нашето бебе со јаболко“.

Бебе генијалец

„Мојот сопруг мислеше дека бебињата почнуваат да зборуваат околу 3 месеци и возбудено ја праша нашата пријателка дали нејзиното четиримесечно бебе веќе кажува нешто смешно!"

Саботно спиење

„Еднаш еден пријател ме праша дали моето бебе ќе спие подолго следното утро затоа што е сабота. Навистина слатко ме насмеа!“

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg