„Јас сум подобра мајка, отколку пријател - ќе ти задоцнам на роденден, нема да дојдам на коктели“

Нема да се најдам за кафе со тебе среде ден бидејќи ќе им правам ручек на децата или ќе си играм со нив во паркот. Нема да дојдам на твојот роденден или ќе задоцнам затоа што некое од децата плачело и не ме пуштало да излезам...

jas-sum-podobra-majka-otkolku-prijatel-decata-sekogash-mi-se-na-prvo-mesto-01.jpg

Јас сум подобра мајка, отколку пријател.

Затоа што како на пријател, не можеш да се потпреш на мене.

Може да не се појавам на договорената средба,

Затоа што некое од моите деца се разбудило со настинка,

Затоа што имам премногу обврски,

Затоа што прегорувам од темпото во текот на денот и навечер сум комплетно исцрпена,

Затоа што следниот ден станувам рано и одново го правам сето тоа,

И едноставно не можам повеќе.

Не сум лош пријател, но тешко ми е да бидам посветен пријател како што заслужуваш,

Ако ти е тешко, јави ми се, ќе те ислушам и ќе те проверувам потоа постојано дали си добро и ќе направам сè што е во моја моќ за да ти помогнам.

Но, ако сакаш да одиме на коктели и трач партија нема да можам сè додека не ги заспијам децата.

jas-sum-podobra-majka-otkolku-prijatel-decata-sekogash-mi-se-na-prvo-mesto-02.jpg

Јас сум подобра мајка, отколку пријател затоа што...

Нема да се најдам за кафе со тебе среде ден бидејќи ќе им правам ручек на децата или ќе си играм со нив во паркот,

Нема да дојдам на твојот роденден или ќе задоцнам затоа што некое од децата плачело и не ме пуштало да излезам.

Затоа што знам дека наскоро ќе пораснат и секогаш приоритет ми е да го минувам времето со нив.

Затоа што знам дека ќе им се случи живот и јас повеќе нема да бидам центар на нивниот универзум и сакам да го искористам времето.

Јас сум подобра мајка отколку пријател затоа што моите деца секогаш ми се приоритет и секогаш ќе ми бидат.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg