Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат

„Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореја ги освои срцата на луѓето од целиот свет, а неговото видео од гостување во реално шоу стана хит на социјалните мрежи. Можат ли скапите играчки и убаво уредената детска соба да ја заменат топлината на мајчинската прегратка?

umorni-se-i-ne-sakaat-da-si-igraat-so-mene-momche-od-korea-4-go-raspalka-celiot-svet-otkako-kazha-zoshto-roditelite-go-mrazat-01.jpg

Двајца родители од Кореја се соочија со критики на светско ниво, откако нивниот 4-годишен син во реално шоу раскажа како тие се однесуваат кон него и зошто верува дека не го сакаат. Краткото видео е „шлаканица“ за сите оние што, сконцентрирани на своите проблеми, ги занемаруваат нивните деца.  

Често се вели дека децата се огледало на тоа што се случува во семејниот дом, а ова 4-годишно момче од Кореја успеа да привлече внимание ширум целиот свет, откако јавно кажа зошто смета дека неговите родители го мразат.

4-годишниот Геум Џи-еун се појави во корејското реално шоу „My Golden Kids“, а благодарение на нежниот тон и својата приказна, расплака илјадници луѓе во светот.

umorni-se-i-ne-sakaat-da-si-igraat-so-mene-momche-od-korea-4-go-raspalka-celiot-svet-otkako-kazha-zoshto-roditelite-go-mrazat-02_copy.jpg

Во емисијата се појавуваат родители што бараат совет за тоа како подобро да се поврзат со нивните деца, а ова кратко видео стана поука за мајките и татковците од целиот свет.

На почетокот на видеото, Геум го прашуваат кој родител го сака повеќе, на што тој одговара:

„Не знам. Сам сум дома, никој не си игра со мене“.

По ова, следуваат снимки на кои се гледа како малиот Геум е сам во својата соба и иако има голем број играчки, тој е осамен.

umorni-se-i-ne-sakaat-da-si-igraat-so-mene-momche-od-korea-4-go-raspalka-celiot-svet-otkako-kazha-zoshto-roditelite-go-mrazat-05.jpg

На прашањето за тоа каков е неговиот татко, Геум вели:

„Кога е лут, тој е страшен. Посакувам да ми се обраќа понежно. Геум – вака некако“.

За мајка му, малиот Кореец вели:

„Мислам дека не ме сака“ – по што почнува да плаче, а во заднина се гледа и неговата мајка која се расплакува.

umorni-se-i-ne-sakaat-da-si-igraat-so-mene-momche-od-korea-4-go-raspalka-celiot-svet-otkako-kazha-zoshto-roditelite-go-mrazat-03.jpg

Погледнете го видеото:

Што мислите вие? Свесни ли сме како родители колку негативно влијаеме врз нашите деца и дали им обрнуваме доволно внимание?

Можат ли скапите играчки и убаво уредената детска соба да ја заменат топлината на мајчинската прегратка и советите на таткото?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg