Мајка прави вистински ремек дела на чинија за да го убеди синчето да јаде здрава храна

Некои деца јадат овошје и зеленчук без проблем, а некои мајките мора да се послужат со трикови за да ги натераат да јадат. Велат дека за децата мошне е важно храната да биде убава на „око“ и интересна.

Majka-skluchila-dogovor-so-sinot-i-zatoa-pravi-vistinski-remek-dela-na-chinija-Ako-napravam-slika-toj-kje-ja-izede-01.jpg

Така оваа мајка нашла начин како да го убеди нејзиниот син да јаде овошје и зеленчук. Порциите ги креира да наликуваат на неговите омилени цртани херои.

Во обид да го натера синот да ја исфрли процесираната храна Дијана Гонзалес почнала да креира вистински ремек-дела на чинија. Така ликовите од Toy Story, Scooby Doo, Peppa Pig, Nemo и Paddington Bear досега се нашле во нејзините креации.

Majka-skluchila-dogovor-so-sinot-i-zatoa-pravi-vistinski-remek-dela-na-chinija-Ako-napravam-slika-toj-kje-ja-izede-02.jpg

„Сè започна кога се обидував да го натерам синот да јаде повеќе овошје и помалку процесирана храна. Со карантинот што започна во март минатата година тој беше дома и почнавме да ги изработуваме делата, па така еден ден направив Пинк Пантер со ориз и си помислив дека е мошне забавно. Не велам дека претходно не јадеше воопшто овошје и зеленчук, но сега наместо нездрава ужина, тој добива здрава чинија. Договорени сме, ако направам слика – ќе ја изеде“ – вели Дијана.

Majka-skluchila-dogovor-so-sinot-i-zatoa-pravi-vistinski-remek-dela-na-chinija-Ako-napravam-slika-toj-kje-ja-izede-03.jpg

Таа вели дека по ова секојдневно кога го зема синот од училиште тој е возбуден и прашува што ќе добие за јадење, но таа секогаш сака да го чува изненадувањето.

Majka-skluchila-dogovor-so-sinot-i-zatoa-pravi-vistinski-remek-dela-na-chinija-Ako-napravam-slika-toj-kje-ja-izede-04.jpg

Инаку, Дијана по потекло е од Мексико, а работи како директор во сектор за Човечки ресурси. Таа заедно со сопругот Пол и синот Џорџ во текот на минатата година дошле во посета на роднини во Обединетото Кралство, а останале таму по ограничувањата заради светската пандемија.

Во продолжение повеќе фотографии од креациите на Дијана:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg