3-месечниот Дејвид од Англија е роден со густа руса коса – сите се шегуваат дека личи на британскиот премиер (фото)
Малиот Дејвид од Англија има само три месеци, но коса на која би позавиделе сите – малото детенце е родено со бујна руса коса, а неговите родители, но и сите што ќе го видат, на шега велат дека личи на англискиот премиер Борис Џонсон.
Татијана и Руслан од Англија на 1-ви март добиле синче, но биле во неверување кога ја погледнале неговата коса.
И Татијана и Руслан имаат темна коса, но нивниот син има руса, многу густа коса. Сега, пак, откриваат дека луѓето постојано ги застануваат на улица за подобро да го видат нивното дете.
„Дејвид е како ѕвезда. Сите полудуваат кога ќе го видат“, вели Татијана.
35-годишната Татијана додава и дека скоро сите го споредуваат со британскиот премиер Борис Џонсон.
Дејвид е бебенце со просечна големина, но поради косата, кога Татијана првпат го здогледала, помислила дека е огромен.
„Мислев дека е многу големо бебе, но потоа добро ја погледнав неговата коса. Најпрво се запрашав како може да му биде толку светла. Дури откако го избањаа сфатив колку многу коса има. Бев шокирана, а и сите медицински сестри ми го рекоа истото. Не можеа да поверуваат колку коса има“.
Бидејќи Дејвид бил споредуван со британскиот премиер уште откако се родил, па 43-годишниот Руслан предложил да го крстат Борис. Но, Татијана одбила:
„Нема потреба да го крстиме Борис за луѓето да сфатат дека личи на него. Сличноста е премногу очигледна. Страшно“.
На крај, парот се одлучил за името Дејвид.
Родителите уште се зачудени од русата коса на бебето.
„И двајцата ги прашавме семејствата од каде потекнува овој ген. Ние имаме темна коса, но Дејвид има руса коса и сини очи“, вели татко му Руслан.
„Сонував дека моето бебе ќе биде русокосо, но мислев дека тоа е смешно, бидејќи и двајцата сме со темна коса. Сопругот се шегува дека е добро што го зачнавме за време на карантинот, бидејќи не изгледа како нас (па сме сигурни дека не станува збор за афера со трета личност)“, се шегува Татијана.
Засега, родителите не планираат да му ја потстрижуваат косата на Дејвид.
„Љубопитна сум да видам колку ќе му порасне, но веќе станува тешка за одржување. Кога му ја мијам косата пробувам да му направам фризура, но штом ќе се исуши, прамените се разлетани на сите страни. Мислам дека наскоро ќе морам да му ја сушам со фен“.
Спирова С. | Црнобело