Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Работи кои бабите и дедовците никогаш не би требало да ги прават со внуците

Како искусни спасители во бројни ситуации, бабите и дедовците влијаат на воспитувањето, дисциплината и образованието на детето.

raboti-koi-babite-i-dedovcite-nikogas-ne-bi-trebalo-da-gi-pravat-01.jpg

Секогаш се тука кога треба корисен совет, искуство, поддршка или едноставно – кратко причувување на внучето.

Меѓутоа и најсовесните и најискусните тимови од баба и дедо знаат да направат по некоја грешка.

Ова се грешките кои не треба да се толерираат и молчат:

1. Да бараат повеќе внучиња

Можеби е неразбирливо зошто младите сакаат само едно дете, но поради брзото темпо, обврските, недостатокот на време и внимание или едноставно здравствени пречки – мора да се има разбирање.

2. Им даваат имињата на внучињата уште пред да се родат

Дури и да сакате да ја пренесете традицијата со одредено име, сепак тоа не е ваша одлука. Што повеќе се инсистира на одредено име, тоа се помали шансите да го одберат истото.

3. Објавување на фотки без дозвола од родителите

Не сите родители сакаат децата да им се изложени во јавноста, без оглед на тоа колку наивно ви делува вам. Колку и да е тешко да побарате дозвола од сопственото дете – тоа е правилниот чекор.

raboti-koi-babite-i-dedovcite-nikogas-ne-bi-trebalo-da-gi-pravat-02.jpg

4. Го даваат своето внуче на секого 

Родителите имаат апсолутно право да се побунат по ова прашање. Кога комшиите ќе прокоментираат колку е слатко бебето, не би требало следен чекор да е негово предавање во нивни раце. Поставете граници и почитувајте ги.

5. Се однесуваат како внуците да се нивни деца

Вистина е дека бабите и дедовците немаат лоша намера и вистина е дека тоа се како нивни деца, но секое семејство си има право да одлучува за начинот на воспитување и методите кои ги користи при растење на детето.

Улогата на бабата и детето е да придонесе кон развојот и да помогне при растењето, но не и во потполност да го обликува неговото оспособување за живот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg