Исповед на мајка со син тинејџер: „Чевлите со број 46 ме лажат дека не му требам, но му требам многу“

„Му требам за да го ислушам, да го сакам и за да поставам граници, да ги запознам неговите пријатели. Бидејќи тој можеби изгледа и звучи како возрасен маж, но тој не е ниту блиску до тоа да биде возрасен маж“ – стои во исповедта на мајка чиј син е во тинејџерските години.

Ispoved-na-majka-so-sin-tinejdzer-koga-go-gledam-kolku-porasnal-se-lazam-deka-ne-mu-trebam-ama-mu-trebam-mnogu-01.jpg

Времето минува децата растат... Кога ќе стигнат во пубертет често на родителите тешко им паѓа тоа што не им се толку потребни на своите деца. Но, дали е така?

Во продолжение погледнете го написот на блогерката Микала Албертсон во кој таа објаснува зошто иако нејзиниот син тинејџер изгледа како возрасен маж, таа сè уште му е потребна.

Проследете ја нејзината објава во целост:

Понекогаш височината од 180 cm на мојот син, длабокиот глас, сенката од мустаќи и чевлите со број 46 ме лажат да си помислам дека повеќе не му требам толку многу.
Но вистината е... Јас сум му мајка.
Можеби изгледа поинаку, но сепак му требам на многу начини!

МУ ТРЕБАМ за да ги слушам неговите приказни од училиште за пријателите или за кошарката или за некое смешно меме.
Затоа што дури иако не го разбирам целосно секогаш нештата што тој ги сака ќе ми бидат важни и мене.

МУ ТРЕБАМ за да ме види секој пат кога влегува дома и ми го осветлува ликот со насмевка.
Бидејќи без разлика колку години има, јас секогаш ќе бидам воодушевена што го гледам.

МУ ТРЕБАМ за да го прашам како го поминал денот. „Како беше во училиште? Како помина на тренинг? Леле, навистина! Не ми се верува! Што кажал?“
Бидејќи тој нема да знае дека може да се отвори пред мајка му освен ако јас не му дадам можност... и со мене, тој секогаш ќе има можност.

МУ ТРЕБАМ за да го гушкам понекогаш. Да му ја организирам облеката. Да ја испразнам машината за садови. Да му сервирам јадење со чаша млеко по долгиот ден. Да, важно е да знае да ги прави овие работи сам и знае.
Но, понекогаш исто така му треба мајка му за да се грижи за него.

МУ ТРЕБАМ за да поставам граници и да внимавам што гледа на YouTube и да ги надгледувам неговите профили на социјалните мрежи, да ги запознам неговите пријатели и да бидам сигурна дека со нив има родител што ќе воспостави ред.
Бидејќи тој можеби изгледа и звучи како возрасен маж, но тој не е ниту блиску до тоа да биде возрасен маж.

МУ ТРЕБАМ за да му понудам добра волја кога ќе се двоуми.
Затоа што мојата главна работа е да го сакам да го охрабрам и да му кажам со најголема доверба: „Знам дека ќе го добиеш. Верувам во тебе!“

МУ ТРЕБАМ за да одам на секој натпревар и да навивам од срце за кога ќе погледне кон трибините да го види моето лице.
Затоа што нему му е важно да знае дека јас ќе му бидам најголем обожавател.

МУ ТРЕБАМ за да го прегрнам и да го бакнам пред да го искачи тоа развиено тело на горниот кревет.
Затоа што без разлика на тоа колку е висок и колку му се големи чевлите, тој секогаш ќе биде мојот мал син.

МУ ТРЕБАМ за да се молам за него секојдневно. Постојано.
Затоа што се надевам дека кога ќе порасне и ќе си замине ќе биде израснат во добар и побожен човек што ЗНАЕ колку е сакан од Бог.

И МУ ТРЕБАМ за да го сакам. Засекогаш. Без разлика на сè.
Бидејќи и ако сè се менува, има една работа што никогаш нема да се промени...

Јас СЕКОГАШ ќе бидам неговата мајка.

Б. С. Б. | Црнобело / Фото: Freepik/ Facebook

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg