Вистинско богатство: 86-годишна жена го доби 90-тото внуче - 6 генерации од едно семејство (фото)
Со право може да се каже дека децата се вистинско богатство, па така со право може да се каже дека Мери од Шкотска е една од најбогатите жени на светот.
Мери Маршал (86) е една од ретките жени во Шкотска, па и светот чие семејство опфаќа 6 генерации.
Таа на 25-ти мај годинава стана единствената жена во Шкотска која е пра, пра, прабаба.
Мери има 8 деца, кои почнале да раѓаат деца многу млади, и сега на 25-ти мај годинава Мери го доби своето 90-то внуче, поточно кажано пра, пра, правнучето Нила Фергусон.
За BBC таа изјави: „Јас сум среќна жена да бидам искрена со вас. Одлично е да се има вака големо семејство. Секогаш постои некој кој ќе се грижи за вас. Јас сум неверојатно среќна.“
Најстарата ќерка на Мери има 68 години. Таа има 4 деца од кое најстарото ѝ има 50 години.
6-те генерации од семејството на Мери:
Прочитајте и: Бабичка го прослави 100-иот роденден заедно со пет генерации потомство – Има 8 деца, а од нив 92 внуци и правнуци
С. С. | Црнобело