Жена бесплатно ќе донира јајце клетки за пар кој 10 години се бори со неплодност: „Зошто да не помогнам кога можам?“

По десет години обидување да станат родители и шест спонтани абортуси, Даниел-Ив и Даниел Четенден од Ротердам дознале дека нема да можат да станат родители по природен пат, поради тоа што немале здрави јајце клетки. Финансиски и емотивно исцрпени од бројните процедури што завршувале неуспешно, тие побарале донации на радио, а не ни очекувале дека Шарлот ќе понуди да им помогне, и тоа со донирање јајце клетки.

Zena-kje-donira-jajce-kletki-besplatno-za-dvojka-shto-10-godini-se-bori-so-neplodnost-Zosto-da-ne-pomognam-koga-e-potrebna-pomosh-01.jpg

Очајната двојка, што десетпати донирала сперма и помогнала да се родат 11 здрави бебиња, низ годините потрошила околу 24.000 евра на асистирано оплодување. На крај, кога добиле точна дијагноза во што е проблемот, веќе немале финансиски можности да продолжат со борбата.

Zena-kje-donira-jajce-kletki-besplatno-za-dvojka-shto-10-godini-se-bori-so-neplodnost-Zosto-da-ne-pomognam-koga-e-potrebna-pomosh-02.jpg

Даниел-Ив и Даниел отсекогаш сонувале да имаат големо семејство. Но по шесте спонтани абортуси, таа вели:

„Секојпат умира по еден мал дел од тебе. Знаеме дека во две бремености носев мали момчиња – мило ни е што знаевме. Но, болеше уште повеќе. Во 2011-тата, кога дознав дека сум бремена со близнаци, ги видовме и ги слушнавме нивните срца. Навистина е тешко да се навратиш и да знаеш дека што и да направиш – се хранев здраво, се движев доволно – сепак не беше важно“ – вели таа.

Сепак, и покрај тоа што нивната борба повеќепати завршувала неуспешно, тие одлучиле да им помогнат на други семејства да станат родители. Даниел (42) донирал сперма, но кога Даниел-Ив донирала јајце клетки и истите резултирале со спонтани абортуси, тие сфатиле дека нема да можат да зачнат по природен пат.

„Би сакале да имаме семејство и би биле бескрајно благодарни да имаме само едно дете. Помогнавме на многу луѓе, помогнавме да се донесат на свет 11 бебиња, а сакаме само едно наше“ – вели Даниел-Ив.

Zena-kje-donira-jajce-kletki-besplatno-za-dvojka-shto-10-godini-se-bori-so-neplodnost-Zosto-da-ne-pomognam-koga-e-potrebna-pomosh-03.avif.jpg

Кога Шарлот ја слушнала нивната приказна, таа сакала да им даде нешто повеќе од пари. Таа првично донирала 60 евра на нивната GoFundMe страница, но одлучила да направи нешто повеќе. Неколку часа подоцна ja нашла Даниел-Ив на Фејсбук и ѝ понудила помош.

„Чудно беше, затоа што навистина бевме фокусирани на тоа да најдеме пари за процедурата, но добивме порака од некој што навистина сакаше многу да ни помогне. Навистина беше извонредно и неверојатно. Сметаме дека еден од најголемите проблеми е решен, а тоа е да најдеме донор. Ако ги собереме и парите, можеме да продолжиме понатаму и навистина сме среќни и позитивни“ – вели Даниел-Ив.

Zena-kje-donira-jajce-kletki-besplatno-za-dvojka-shto-10-godini-se-bori-so-neplodnost-Zosto-da-ne-pomognam-koga-e-potrebna-pomosh-04.jpg

Шарлот појаснува зошто се одлучила на ваков чекор и вели дека сакала да ѝ помогне на двојката:

„Имам пријатели што се борат со неплодност и ја слушнав нивната приказна и ме погоди. Отсекогаш сакав да бидам донор на јајце клетки. Го почнував процесот кога почна пандемијата и мислам дека ќе го направев тоа во секој случај. Зошто да не помогнам некому кому му е потребна помош?“ – вели Шарлот.

Zena-kje-donira-jajce-kletki-besplatno-za-dvojka-shto-10-godini-se-bori-so-neplodnost-Zosto-da-ne-pomognam-koga-e-potrebna-pomosh-05.jpg

Иако нашле донор, сепак пред оваа двојка се чини дека стои уште долг пат. И покрај тоа што сега имаат донор на здрави јајце клетки, сега мораат да собираат донации за процедурата што би чинела дополнителни 12.000 евра.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg