7 парчиња облека кои можат да бидат опасни за многу мало дете
Кога купувавте облека за вашето малечко, покрај комфорот и практичноста, мора да земате предвид некои дури работи како, на пример, неговата безбедност.
Некои парчиња облека можат да претставуваат вистинска опасност за малите деца, па најдобро е да ги избегнувате.
Погледнете за кои станува збор:
Облека со големи копчиња или какви било декоративни детали
Веројатно е очигледно зошто не треба да купувате облека со големи декоративни детали за вашето мало дете. На пример, постои голема веројатност детето да ги извади и да ги стави во уста. Со ова не само што ќе ја уништи облеката, туку може да биде опасно и за него.
Долги шалови
Иако шалот изгледа безопасно, ако е многу долг, детето лесно може да го закачи на лизгалка, лулашка или каде било и да се задави. Најдобро одбирајте мали шалчиња, или шалови без крај.
Ролка со многу тесна јака
Џемперите и ролките со висока јака се одлични за зимските месеци, но внимавајте да не бидат многу тесни.
Ако јаката е многу тесна, додека ја облекува блузата, детето сигурно ќе почувствува фрустрација. Покрај тоа, тесната јака постојано ќе го затега за вратот и нема да му биде воопшто удобна. Истовремено, тесните јаки, особено од синтетички материјали, лесно можат да му ја иритираат кожата на вратот.
Темна јакна без рефлексивни детали
Ако му купувате темна јакна на детето, потрудете се да најдете модел со рефлексивни детали. На овој начин детето ќе биде повидливо навечер, во случај да го изгубите или ако поминува улица.
Тренди чевли или патики без анатомска поддршка
Малите деца уште се развиваат, па не би требало да носат неудобни обувки, без разлика колку се тренди. Исто така, избегнувајте рамни патики без никаква анатомска поддршка. Не заборавајте дека детето ќе сака да трча и да си игра, па му требаат удобни чевли или патики.
Јакни со огромна капа со крзно
Најголемиот проблем кај овие јакни е што им ја намалуваат видливоста на децата, а тоа може да биде опасно. Ако, на пример, треба само да помине преку улица, со ваква јакна постои голема можност да не виде дали доаѓа автомобил.
Тесни шапки
Никогаш немојте да го терате детето да носи капа што очигледно му е тесна. Покрај тоа што ќе му ја иритира кожата, може да му предизвика главоболки, а и дефинитивно ќе се чувствува иритирано.
Спирова С. | Црнобело