„Некогаш плачењето е неподносливо“ – татко споделува факти за новороденчињата за кои ретко се зборува
Само родителите знаат колкав предизвик е грижата за новороденче, но обично сите настојуваме да се фокусираме само на убавите делови од родителството.
Нормално, секој родител си го сака своето дете, но на почетокот скоро сите се соочиле со безброј, дотогаш невидени предизвици.
Поради ова, еден татко, Павел, со 3-месечно бебе решил да сподели неколку факти за новороденчињата за кои ретко се зборува.
„Најмногу се шокирав бидејќи не знаев скоро ништо од овие работи. Обично не се зборува за овие нешта, особено кога станува збор за татковци, а малкумина пишуваат за нив. Единствено можете да ги откриете овие работи на некој форум за мајки“, открива Павел за Brightside.
Павел споделува неколку факти за бебињата за кои ретко се зборува:
Детето постојано прави некакви звуци
Павел вели да очекувате вашето бебе да прави разни звуци – како гугање, воздишки и слично – и тоа постојано.
„На почетокот многу се плашев, особено навечер. Скокав од креветот за да проверам дали е сè во ред со него, да не се задушил или нешто слично. Подоцна сфатив дека ова е нормално, наводно бидејќи на детето му се развиваат белите дробови“.
Некогаш плачењето е неподносливо
На бебињата им се потребни постојани надзор и грижа неколку месеци откако ќе се родат. Павел вели дека токму поради ова, плачењето на бебињата може да биде неподносливо. Односно, непријатниот звук ќе ги натера родителите веднаш да проверат што се случува.
Не можете да го оставите само ни на секунда
Кога станува збор за бебе од само неколку месеци, нема да можете да го оставите само ни на секунда.
„Можно е да се повреди, да падне од креветот и што уште не. Слухот и видот на бебето не се добро развиени, а и тоа не е свесно дали е во опасност или не. Не можете да го оставите само, мора да внимавате 24/7“.
Бебето не може да се смири само
Според Павел, за разлика од возрасните, бебињата не можат да ги потиснуваат нивните емоции.
„Ако бебето е нервозно, најверојатно нема да се смири само. Ќе му треба помош од вас“.
Некогаш нема да знаете зошто плаче на цел глас
Обично ќе знаете дали вашето бебе плаче бидејќи е гладно или бидејќи треба да му ја промените пелената, но не секогаш ќе ја откриете причината.
„Некогаш ќе ви биде тешко да откриете зошто бебето плаче. Ќе треба да пробате многу работи да го смирите, и ако не успеете, ќе треба да пробате уште еднаш“.
Потребна му е физичка активност
Веројатно лекарот ќе ви покаже некои вежби што ќе го поттикнат развојот на вашето бебе, а Павел вели дека тие се мошне важни.
„Добро би било секој ден да правите вежби со вашето беше за да го поттикнете правилниот развој“.
Не треба да се надевате дека мајката ќе може да се справи со сè
Павел нагласува дека секој татко мора да ѝ помага на мајката.
„Некои луѓе мислат дека ако го оставите бебето со мајката, тоа веднаш ќе се смири. Ова не е воопшто точно. И мајките се изморуваат, сакаат да спијат, имаат потреба да се истушираат, да одат на прошетка, да одморат. Ако не ѝ помагате на сопругата, немојте да се изненадите ако е тажна и раздразлива“.
Павел вели дека тој и сопругата секојпат си ги делат обврските со бебето, без разлика што тој оди на работа.
Огромната одговорност е заморна
Ако постојано се сомневате дека правите нешто погрешно, Павел вели дека тоа е сосема нормално.
„На почетокот, ми беше страв и да одам набрзина да се избањам. Многу се плашев дека баш во тој момент ќе се случи нешто. Сега е полесно, но одговорноста уште претставува голем товар“.
Нема постојано да бидете среќни
За крај, Павел вели дека иако децата се најголема среќа, додека да стигнат одредена возраст, ќе има многу мигови кога нема да бидете среќни.
„Да, децата се прекрасни, но прво треба да поминат многу месеци, па и години исполнети со грижи. Родителство ќе биде поразлично од сè што сте искусиле дотогаш“.
Спирова С. | Црнобело