„Се надевам дека беше првпат“ – Мајка го „фатила“ синот (2) како ја чисти тоалетната школка со нејзината четка за заби (видео)

Мајките на мали деца знаат дека не можат една минута да ги остават нивните малечки, а да не ги дочека некакво изненадување. Така оваа мајка на Facebook страница за родители сподели непријатно искуство што успеала и да го сними со камера.

Majka-ostanala-sokirana-go-nasla-sinot-2-kako-go-chisti-toaletot-so-nejzinata-chetka-za-zabi-01.jpg

Замислете го шокот на мајката кога влегла во тоалетот и го нашла нејзиниот 2-годишен син како ја чисти тоалетната школка и тоа со четката за заби на мама.

Majka-ostanala-sokirana-go-nasla-sinot-2-kako-go-chisti-toaletot-so-nejzinata-chetka-za-zabi-02.jpg

Никола Стит од Шкотска на Facebook групата Family lockdown tips and ideas го објавила краткото видео на кое се гледа како нејзиниот син Ајден вредно го чисти тоалетот, а над него стави наслов:

„Ова е само мојот 2-годишен син кој го чисти тоалетот со мојата четка за заби.“

https://www.youtube.com/watch?v=woak0dsnG_c

Никола појаснува дека нејзиниот најстар син Дилан ја викнал за да ѝ каже дека Ајден си игра со четкичка за заби во тоалетот, а таа веднаш знаела дека тоа е нејзината четка, пренесува Daily Mаil.

„Не требаше да се смеам за тоа што го прави, затоа што истото го направи и со новата четка неколку дена подоцна. Морав да ги скријам четките за заби“ - вели таа. 

Majka-ostanala-sokirana-go-nasla-sinot-2-kako-go-chisti-toaletot-so-nejzinata-chetka-za-zabi-03.jpg

Таа појаснува дека се обидела да ги крене четките на полица, но дека момчето често знае да се качува, па така морала да ги сокрие во фиока.

Инаку, видеото беше проследено со голем број коментари на социјалните мрежи. Повеќето се прашуваат колку пати претходно Ајден го исчистил тоалетот без мајка му да забележи.

„Само се надевам дека тоа беше првпат тоа да го направил со четките за заби, а не првпат кога го фатив“ – вели таа.

Majka-ostanala-sokirana-go-nasla-sinot-2-kako-go-chisti-toaletot-so-nejzinata-chetka-za-zabi-04.jpg

Како и да е, долго ќе го паметиме насмеаното русокосо детенце како вредно работи додека мајка му не го гледа. Ако претходно се прашувавте зошто постојано се нагласува дека децата до 5 години не треба во ниту еден миг да ги оставаме сами, ова видео може да биде мало потсетување.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg