Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како бебето да ја преспие цела ноќ?

Повеќето родители ќе се сложат дека ноќното будење на бебето знаат да биде извор на сериозен стрес во првите неколку месеци од родителството.

kako-bebeto-da-ja-prespie-cela-nokj-2.jpg

Исцрпеноста и раздразливоста сериозно зависат од спиењето на бебето, па како да се обидете да го доведете до ред?

За да не „дежурате“ по цела ноќ, додека бебето да порасне и да си го фати редот, обидете се од првите денови да го направите овој режим:

- Денот нека биде полн со стимулации, зборувајте му на бебето, играјте си, не ги придушувајте светлата, правете го тоа на природна светлина, не го стишувајте телевизорот, не одете на прсти...

- Веднаш по раѓањето на бебето одредете распоред и држете се до него: бањање, повивање, хранење, пеење песнички и заспивање. Овие шаблони правете ги со придушени светла и во иста просторија.

- Бебињата во текот на првите недели се будат поради сопствените движења. За да се чувствува посигурно, повијте го правилно, како би се чувствувало заштитено, како додека е во стомакот.

kako-bebeto-da-ja-prespie-cela-nokj-001.jpg

- Потрудете се да не го земате бебето во раце секојпат кога ќе се разбуди. Дајте му шанса само да презаспие.

- Може да се обидете да го нахраните/надоите бебето додека спие, пред да почувствува глад, како би го спречиле будењето. Нема да успее секојпат, но вреди да се обидете.

- Бебето секогаш нека спие во иста просторија и на иста температура.

Напомена: Ова се неколку совети со кои може да се обидете да воведете ред во спиењето на бебето, но секое бебе е различно, како и навиките и методите на семејствата и родителите, па ова не значи дека со сигурност ќе успеете, со оглед на тоа што е сосема очекувано бебето да се буди често. Сепак, вреди да се обидете. 

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
30 животни совети што секој родител треба да им ги даде на своите деца „Запомни дека предметите нема да ти донесат среќна, туку луѓето“ - е еден од мно...
Летување со бебе: На што да внимавате и што да понесете со себе? Какви лекови да земете и кога е најповолен период за на плажа? Што сè треба да з...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg