„По многу обиди, стотици негативни тестови за бременост и тон солзи, јас сум мајка на четворка“
Најмала беше Мередит и нејзината состојба не беше стабилна воопшто. Заедно со моето семејство се молевме со часови и околу 2 наутро ми кажаа дека и Мередит е стабилна и конечно можев да се одморам.
Следните 3 дена беа страшни затоа што моите бебиња буквално се бореа за своите животи. Беа мали и беспомошни и не ни можеа да дишат сами. Се чувствував виновно... Зошто моето тело потфрли, зошто не ги износев до крај?
За жал, на 8-ми март Мередит не издржа и отиде во рајот. Ми останаа 4 бебиња, но јас и сопругот моравме да бидеме силни и да го издржиме тој период.
Потоа следеа инфекции, солзи и бессони ноќи. Гидеон беше во тешка состојба, но конечно на 25-ти март 2021 година по 385 дена во болница моето бебе дојде дома. Конечно сите сме заедно!
Искрено мислам дека ми се случи сѐ што можеше да ми се случи лошо, неплодност, губење на дете и што уште не. Мислам дека траумата од тоа е нешто за кое не се говори дозволно. Toa e нешто од кое никогаш не закрепнуваш.
Моите бебиња се покрај мене сега, Филомена и Елиот се добри, Евангелин и Гидеон имаат свои битки, но јас сум среќна што Бог ми даде ваков дар. Се чувствувам благословено и благодарна сум за целото патување, кое ќе бидам искрена и ќе кажам дека воопшто не беше лесно.“
С. С. | Црнобело